Македонската фудбалска репрезентација конечно стигна до втор триумф на квалификациите за Мундијалот во Бразил. Со головите на Иван Тричковски и Александар Трајковски избраниците на Чедомир Јаневски триумфираа со 2:1 и направија важен исчекор во борбата за третото место.
На чело со најскапиот фудбалер на денешницата кој пред само неколку дена го засили „Кралскиот клуб", селекцијата на Велс вечерва од 19 часот ни гостува на арената „Филип Втори" во рамките на квалификациите за Мундијалот кои одамна се за нас завршени.
Селекторот на нашиот национален фудбалски тим нема две тактики во случај Велшаните да настапат со или без човекот за кој Реал плати 100 милиони евра, но изјави дека многу е важно да не му оставаат многу слободен простор и постојано да го превземаат во одбраната.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на играчи за квалификациските натпревари против Велс и Шкотска кои ќе се одиграат на 6 и 10 септември на Националната арена „Филип Втори" во Скопје.
Фудбалската репрезентација на Македонија славеше победа на пријателскиот натпревар против Бугарија со головите на Ибраими и Трајковски и ја прекина серијата од четири порази без постигнат погодок.
На македонската фудбалска репрезентација и оди подобро кога не игра. На најновата ранг листа на ФИФА, репрезентацијата на Македонија напредуваше за три позиции.
Предводникот на македонскиот национален тим Чедомир Јаневски повика 21 фудбалер меѓу кои две нови имиња за последниот контролен натпревар пред квалификациите за Мундијалот во Бразил кои продолжуваат во септември.
По скокот од 6 позиции остварен минатиот месец, фудбалската репрезентација на Македонија на последното рангирање на ФИФА листата забележа вртоглав пад од 14 позиции.
По поразот од Шведска, со неубедлива и безидејна игра, комбинираниот состав на фудбалската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето во Норвешка.
Избранците на Чедомир Јаневски и покрај поразот на пријателскиот натпревар против Шведска, бележат напредок од шест места на најновата ранг листа на ФИФА.
Македонија забележа минимален пораз на гостувањето кај Шведска, а стрелец на единствениот погодок беше Александар Качаниклиќ, чиј татко е роден во Скопје, па младиот фудбалер до минатата година можеше да настапува и за нашата репрезентација.
По константното искачување на ФИФА ранг листата кое траеше 5 месеци, фудбалската репрезентација на Македонија втор месец по ред забележува пад и на последното издание на рангирањето се пласира на 84-та позиција.
По константното искачување на ФИФА ранг листата во последните 5 месеци, фудбалската репрезентација на Македонија на последното издание на рангирањето падна на 83-та позиција.
Осоколени после добрите игри претходно у циклусот, а и после две пива пред утакмица се лупавме у груди како идеме на победа и освета за оние неправедни 0:2 у Скопје. После 15 минути ни беше јасно дека Белгија е класа изнад нас а после пола саат дека бункерот мора да издржи пошто гол не даваме.
Македонската фудбалска репрезентација иако одигра солиден меч на стадионот „Крал Бодуен" во Брисел, загуби со 1:0 на реванш дуелот против Белгија и со тоа го забележа четвртиот пораз во квалификациската група А за Светското првенство во 2014 година.
Македонската фудбалска репрезентација предводена од Чедомир Јаневски вечерва на стадионот „Крал Бодуен" во Брисел се очекува да настапи без никаков притисок на реванш дуелот против силната Белгија.
На само два дена пред големиот фудбалски спектакл на арената „Филип Втори" за кој има неверојатни 172 барања за акредитации за новинари, фоторепортери и сниматели, селекторот на националниот тим Чедомир Јаневски и капитенот Горан Пандев најавуваат голема битка пред својата публика.
Членовите на фудбалската репрезентација на Македонија денес ќе го имаат првиот собир пред квалификациските натпревари, откако изминатата недела завршија со обврските кон нивните клубови. Белгија нека се пази, Македонците се во добра форма.
Македонија продолжува со напредокот на ФИФА ранг листата. На последното рангирање, фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше за пет позиции и се искачи на 73-то место.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2014 помеѓу Македонија и Белгија, кој ќе се игра na 22 март на арената „Филип Втори".
Македонската фудбалска репрезентација со одлично издание и најверојатно најдоброто одиграно полувреме во историјата, целосно ја надигра Данска и со головите на Пандев, Ибраими и Новески славеше победа од 3:0.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски во интервју за вебстраната на УЕФА ги истакна квалитетите на националниот тим и промените во играта откако тој е на кормилото на репрезентацијата.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го соопшти списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за настап на пријателскиот натпревар против Данска.