колумна

Да се забрани професионален фудбал во Македонија!

Репрезентацијата повеќе ни личи на материјал за расад на ЈП „Паркови и Зеленило" отколку на тим со фудбалски талент. Нити талент имаме, тим уште помалку, па да дојде и специјалниот Жозе Мурињо химселф ништо нема да направи.

Да се чека победа на македонската фудбалска репрезентација е како да се чека Годо. Помирете се пријателчиња. Никад нема да дојде.

После катастрофата у Јагодина, коначно, у буквална смисла го допревме фудбалското дно. Официјално сме на исто ниво со пекарите од Лихтештајн, молерите од Сан Марино и инструкторите по скијање од Андора. Чисто за да не се лажеме сами себе дека сме бољи од нив. Ова на многу од нас и одамна ни беше јасно, ама она што утакмицата во Јагодина ни го докажа е дека у оваа репрезентација коначно пукна. Како да фудбалерите сакаа со својот однос кон најсветиот од сите дресови да го изедначат на нивото на својот фудбалскиот квалитет.

А квалитет нема... И колку побрзо се помириме со тоа, полесно ќе го поднесеме секој нареден неуспех на оваа багра која себеси се нарекува репрезентација. Ако земеме поединачно да ги анализираме играчите ќе видиме дека во овој состав једино Пандев е натпросечен играч (и подвлекувам натпросечен, али поред светска класа прошол од далеку) а све останато горе –доле е боранија. Работата кај Пандев е што нивото на залагање во репрезентативниот дрес му е рамно на она што го прикажува у Наполи на загревањето кога од резервна клупа ќе го викнат да влезе малце у 75ти минут. Ја искрено не се сеќавам кога задњи пут има дадено гол за репрезентација на официјална утакмица, а оние шанси у Кардиф и јас да се соблечев ќе ги погодев.

На десен бек го имаме Георгиевски (избркан од Стеауа) а на лев извесен Алиоски (името жими мајка не го знам) од моќниот и познат по својата традиција Шафхаузен од Швајцарија...работата е што за Шафхаузен сме чуле евентуално за ракометниот им клуб. Истовремено Лазовски и Попов не се ни повикани у репрезентација. Може Попов е наваспитан и недисциплиниран, ама е бре Роберто Карлос за оној со фризурата а-ла Дељадровце од Кардиф и Јагодина.

Ако продужам да набрајам стварно не знам до кај ќе стигнам, ама факт е дека репрезентацијата повеќе ни личи на материјал за расад на ЈП „Паркови и Зеленило" отколку на тим кој поседува фудбалски талент.

Ја не знам дали од ФФМ им испратија автобус да ги врати назад, ама можеа комотно да ги натоварат у транспортно камионче за превоз на огрев и никој немаше да ја забележи разликата.

За играта у Јагодина греота е и да отвориме уста. Греота е и да кажеме дека за Македонија вчера играа и фудбалери. Играше една банда плашливци, кои ако постои правда за својот однос кон сопствената земја треба да бидат заврзани на плоштад за секој добронамерен минувач да избере зеленчук или овошје со кое ќе фрли по нив.

Одамна се збори дека повик во репрезентација се плаќа...веќе стварно не знам дали е вистина или јеби га едноставно тоа е талентот што го имаме. Ако не игра едно дрво, ќе дојде друго па за она претходното од мука да обесуе на фејсбук како репрезентацијата е затворен клуб. Кога пред две недели Чеде се одлучи да ја напушти репрезентацијата плукав по него како на издајица и кукавица, ама у право е човекот...виде колку е саат, со кого треба да работи и замина. Сречко Катанец, кој успут беше човекот со кој бевме 48ми у свет, исто фитиљ фати кога виде дека нема да му биде лесно да си тера по свое, а за нас останаа Јонуз, Цапар, Стратев и слични кои, ако не е репрезентација нема ни да можат да најдат друг ангажман.

Дваесет години плачеме како имаме талент и супер тим, али јеби га, никој да се најде да го уклопи талентот...Јагодина не освести. Нити талент имаме, тим уште помалку, па да дојде и специјалниот Жозе Мурињо химселф ништо нема да направи.

Пред некоја година се смеев кога имале обид да се напраи репрезентација у хокеј на мраз. Ми беше смешно како уместо да се држиме до спортови у кои имаме традиција, ние сакаме да играме нешто што нити знаеме да играме, а ваљда и сме најслаби у Европа. Сега егзибицијата со хокејот уопште не ми е смешна. У секој случај, во евентуални квалификации и хокеарите би почнале од исто место со фудбалерите. Од дното.

Кога пред 20 години почнавме како независна држава, сакавме да мериме муда со бившите ни братски републики и се лупавме у гради како ниедна од нив не може да биде посилна од екипа која ги има браќата Ѓуровски, Илија Најдоски и Дарко Панчев у своите редови...денес 20 години покасно, Хрватска и Србија имаат по три, Словенија две Светски Првенства, а еве и Босна успеа да се квалификува...да...земја која до пред 15 години беше разрушена од војна и во која две третини од народот поише му чуе за други две репрезентации него за оваа што успеа да отиде у Бразил.

Така да било каков изговор за немање услови или слични продавања на муда за бубрези не држи вода. Чак и Црна Гора, земја со популација помала од онаа на Скопје беше трета, а прволигашки фудбал им се игра на пољани и ливади у буквална смисла на зборот.

Решение постои...да се забрани професионален фудбал на десет години, Фудбалската Федерација на Македонија да се преригистрира во Федерација за Аматерски Фудбал и да не се дозволи излез во европски купови на клубовите кои таму стигнуваат преку нашето банана првенство. У меѓувреме, оние терени кои се изградија у Ново Лисиче да бидат користени за најмладите категории. И тогаш после десет години да почнеме од поново. Од таму каде што припаѓаме. У ист шешир со Андора, Сан Марино, Фарски Острови и Лихтенштајн.

Таки Бошкоски