Таг: историја

Пребогатата жена која 25 години живеела во хотел без контакт со светот

Деновиве објавуваме статии поврзани со темата „изолација“ - за луѓе кои во склоп на научно истражување минале неколку години затворени во „биосфера“. Или за шест момчиња кои живееле на пуст остров повеќе од една година. На ред е приказна за жена која во 1907 земала соба во њујоршки хотел. А од таму прв пат излегла во 1932, мртва.

Како Буда го добил своето лице?

Неговата слика е толку вообичаена, онака спокоjно седнат во лотус поза, што изгледа како таа да постоела отсекогаш. Но цели шест векови по неговата смрт, Буда не бил прикажуван во човечка форма, туку само преку симболи.

Дали Галилео навистина рекол „Сепак се движи“?

Еppur si muove! Ова е славната реченица која му се припишува на Галилео Галилеј, а се однесува на планетата Земја. Дали тој навистина некогаш ја изустил?

Koга Бертранд Расел го сретна Ленин

Во 1920 Расел отпатувал за Русија како убеден комунист. Но по кратко соочување со практичното спроведување на таа идеологија малку се премислил.

Средовековната епидемија на „лудо танцување“

Јуни 1374. Во денешен Ахен, Германија, празникот Св. Јован Крстител требало да се прослави вообичаено, како ден за одмор и молитва. Но наместо тоа, најпрвин во мали групи, а потоа масовно, луѓето почнале да играат како да се на техно журка.

Културна историја на бидето

Трагајќи по интересни теми го пронајдовме подкастот Stuff You Should Know и епизода посветена на еден подзаборавен елемент на бела техника, кој станува актуелен во време на тоалет хартија паника.

Што е тоа „клиоепидемиологија“?

„Минатото е вовед“, вели Шекспир во својата драма „Бура“, во смисла на тоа дека во минатото се содржат никулците на она што се случува, или би требало да се случува во сегашноста. Тоа „би требало“ во контекст на пандемијата сепак не го имаме научено од историјата.

Културната историја на балконите

Колку и да се мали и тесни, сфаќате колку значат во момент кога тоа е единственото „надвор“ кое можете безбедно да го уживате.

Зошто плачеме?

Нова книга се обидува да објасни што е причината за нашите солзи и притоа комбинира биологија, поезија и историја. Сте чуле ли, на пример, за молец што пие птичји солзи?

Јозеф Пилатес: човекот кој во затвор го измислил познатиот метод на вежбање

Има луѓе на кои наметната изолација им доаѓа одлично - им дава време и енергија да смислат нешто корисно и добро. Ако никогаш не сте вежбале пилатес, сега му е мајката. Во чест на човекот кој со години им го спасувал животот на луѓето кои биле со него во затвор, со тоа што им ги одржувал и телата, и умот.

Ракување во време на корона

Aко деновиве ви се случило да одбиете да се ракувате до сега веројатно ве прогласиле за арогантен или ненормален. Иако ракувањето докажано пренесува патогени, ритуалот е толку длабоко всаден, што луѓето се збунети кога остануваат без него. 

Eзерата како пејзаж, историја и меморија

„Езерото е најубавата и најекспресивната црта на пејзажот“, вели мотото на нова книга на Капка Касабова, „Кон езерото: балканско патување на војната и мирот“.

Радоста на готвење гол

„А не ве прска зејтин додека пржите?“ е едно од најчесто поставуваните прашања на луѓе кои формираат живописна заедница на нудисти-готвачи. И шетачи на кучиња. И караоке пејачи.

Како кофеинот го променил светот

Околу 80 проценти од светот е зависник од една психоактивна супстанца, на која, бидејќи е дозволена и широко распространета, не ни гледаме како на таква. На здравје кафето!

Првата дрег кралица била поранешен роб?

Неговото име било Вилијам Дорси Свон, но неговите пријатели го знаеле како „Кралицата“. Роден околу 1858 во САД, тој го преживеал ропството, Граѓанската војна, полициската тортура. При крајот на 19 век станал познат како прв човек кој себеси се претставувал како дрег кралица.

Од каде потекнува терминот „карантин“?

Во момент кога Кина го проширува карантинот кој треба да спречи експанзија на коронавирусот на 12 градови со вкупно 35 милиони жители, да погледнеме во историјата на овој феномен, и дали ваквите мерки реално помогнале во заштита на населението.

Историја на „дели бал“ или „лудиот мед“

Медот кој содржи психоактивни супстанци и денес се произведува во планините Качкар во Турција. Да не оди некој натаму деновиве?

Ралстонизам - историја на едно бизарно движење за здрав живот

Празниците не се завршени, но можеби веќе ви е јасно дека наскоро ќе мора да се сврти малку на диета и поздрав живот. А можеби кифлите помалку се фаќаат ако се оди на прсти? 

Дијамантскиот ѓердан поради кој Марија Антоанета завршила на гилотина

Во историјата е позната како „Аферата на дијамантскиот ѓердан“. Иако изгледа како измислена приказна, станува збор за низа од реални случки кои довеле до уништување на репутацијата, а потоа и до погубување на француската кралица.

Традицијата е чудо и не е секому достапна - Јунајтед 4.000 меча по ред со свое дете во тимот

Во ера на модерен фудбал кога се трошат вртоглави милијарди, постојат и некои вредности кои траат вечно. За разлика од нивниот градски ривал кој се бања во милионите од арапските шеици, Манчестер Јунајтед не отстапува од традицијата и верно се држи до неа.

Лудите начини на правење снег во старите филмови

Корнфлејкс, стиропор, брашно и азбест (!) биле некои од нештата користени за добивање зимски пејзажи во раните денови на Холивуд.

Отпор и писоари: тајната историја на париските јавни тоалети

Конзервативците ги нарекувале „дувла на разврат“ и „дамка врз репутацијата на градот“. Но јавните тоалети не само што овозможувале намалување на смрдеата и ѓубрето, туку претставувале и места за забранета интимност и отпор кон естаблишментот.

Конечно славен - дали е ова првата филмска ѕвезда на сите времиња?

Бил инспирација на Чарли Чаплин и ги пишувал сценаријата на сопствените филмови. Зошто толку долго светот требаше да чека за да го запознае Макс Линдер?

Лебот наш насушен: белото и црното брашно на идеологијата

Можеби тукушто појадувате, бел леб и ајвар. Или интегрален со хумус и домати. Ако имате среќа на маса ве чекале пржени лепчиња со јогурт и сирење. Иако делува само како нешто што нè држи најадени, лебот има огромна историска и гастрополитичка улога.