Таг: Франција

Французинот што стана џихадист

Пишувајќи за француската владина програма за искоренување на тероризмот преку образование на ризични групи млади луѓе на тема историја, филозофија, литература и религија, новинарката на Атлантик ја раскажува приказната за родениот Французин кој стана дел од ал-Каеда.

Ако сте со едно ’Л’ тогаш бујрум нови дресови

Францускиот фудбалски клуб Монпеље добил грешно печатени дресови на коишто името на клубот наместо со две букви ’Л’ во него го напишале со едно по што морале да бараат чаре.

Работничките реформи на Макрон стигнаа до улица

Успешно играјќи на подемот на крајната десница и резултати како брегзит и Трамп, Макрон низ целата претседателска трка против Ле Пен прилично добро успеа да ги камуфлира своите намери и планови за намалување на работничките права во Франција. Како што обично бива со нова власт, уште во првите денови од доаѓање на функција тој неповикано се фати да ги решава темите што никој не побара од него да ги решава.

Луксембург вреди 40 пати помалку од Мбапе и има освоено 24 бода за 87 години

Како и да фати човек да го анализира синоќешното чудесно реми меѓу Луксембург и Франција, на крај само ќе заклучи дека стварно е чудесно. Се работи за 500.000 народ со вкупно пет победи во историјата на мундијалските квалификации. Судеше Александар Ставрев.

Почнува Европското првенство во кошарка без Македонија

Како ретко кога досега, Европското во кошарка ќе мине без најголем број ѕвезди кои претежно играат во НБА и кои не добија зелено светло од франшизите за настап во Турција, Романија, Финска и Израел.

Најфранцускиот грабеж сред Париз

Тоа што не знаевме ние, а очигледно знае група француски крадци, е дека во катакомбите под Париз се чуваат големи резерви на старо квалитетно вино. Овие резерви само што се намалија за вино во вредност од 250 илјади евра.

Макрон за 3 месеци спискал еден Голф на шминки

Францускиот претседател во рок од 3 месеци има потрошено 26.000 евра на шминка, што во просек му доаѓа дека Макрон три месеци секој божји ден давал по 280 евра за пудри, коректори, руж и сличен арсенал.

Монпеље тагува по човекот кој ги направи француски Лестер

Најпознатиот урбан лик во фудбалска Франција, Луи Николан почина на 74 години од срцев напад во ресторан додека славел роденден.

Франција и заљубеноста во просветлениот деспот

Макронизмот е производ на еден изразито француски идеал: просветлениот деспот. Од Наполеон Бонапарта до Шарл де Гол, ние имаме навика да бараме спасители, што ја објаснува нашата сегашна заљубеност со новоизбраниот претседател Емануел Макрон, пишува Гај Сорман во Ле Монд.

Парламентарците на Макрон како да се ликови од книги

Во неделата партијата на францускиот претседател постигна голема победа на парламентарните избори. Еден од неговите адути - кандидати кои собрани на куп, делуваат како ликови од некој необичен француски роман.

Сјаен гест од Французите до Англичаните

Пред самиот почеток на пријателската меѓу Франција и Англија, членови на оркестарот на републиканската гарда на Франција ја отсвиреа Don’t Look Back in Anger од Oasis во чест на загинатите од терористичкиот напад во Манчестер.

Дембеле во улогата сега музичар си или не си?

Еден од најталентираните француски фудбалери кој синоќа со гол и асистенција против Англија си го бетонираше првотимскиот статус во репрезентацијата во една прилика даде необична изјава. Слична на онаа на Бора Тодоровиќ од култниот „Балкан Експрес“.

Макрон состави изборна листа од кастинг за пратеници

Соработниците на францускиот претседател организираа аудиција за пратеници на која се пријавиле околу 19.000 мажи и жени. Специјална комисија од партијата разговарала со 1.700 од нив, за на крај да изберат нешто повеќе од 520 кандидати, раководејќи се од принципот - кој ќе успее да ја убеди комисијата, ќе собере и гласачи.

Главниот херој на Ролан Гарос што гледа во небото

Американскиот тенисер Стиви Џонсон неодамна останал без неговиот најголем идол во животот - неговиот татко, кој починал на сон пред неколку недели. Сега на Ролан Гарос игра во негова чест, победува и жали.

Жената зад претседателот, Брижит Макрон

На 4-ти мај во интервју за Пари мач, Емануел Макрон зборувајќи за сопругата Брижит порачува "во секој случај има нешто во претседателската функција што го вклучува парот, и го прифаќам тоа и мислам дека и таа го прифаќа".

Валканата тајна на победата на Макрон

Кога Коми на недела пред изборите објави писмо дека повторно ја отвора истрагата околу мејловите на Хилари, во рок од една седмица Њујорк тајмс, Лос Анџелес тајмс, УСА тудеј, Вол стрит журнал и Вашингтон пост објавија 100 стории околу мејловите. Наспроти ова, во предвечерието на претседателските избори во Франција, француските медиуми одлучија да не го покриваат објавувањето на протечените мејлови на Макрон.

Патрис Евра има рецепт како да не го мразите понеделник

Додека некои пафтаа скари, некои протестираа, утрото на 1-ви мај, левиот бек на Марсеј Патрис Евра се обрати од својот автомобил: „Не сфаќам како луѓето не го сакаат понеделник. Ќе престанете да го мразите понеделник после видеото од мојот Инстаграм“.

Легенда за Легијата

Новите регрути не се пријавуваат во Легијата на странци заради парите, бидејќи плата им е околу 1200 евра месечно, не е за да се спасат од затвор, затоа што Легијата веќе не прима регрути барани од полицијата, а и не е за слава, затоа што веројатно никој нема да дознае за нивната жртва, ама ќе им биде запамтена.

Нападот во Париз може да е пресвртницата за Ле Пен

Синоќешното убиство на полицаец во Париз би можело да ги сврти француските избори во корист на Ле Пен. Баш ова е посакуваниот исход за ИСИС, кои од изборот на Ле Пен се надеваат дека ќе можат да извлечат граѓанска војна во земјата.

Бордо го испрати во пензија омилениот претседател кој палеше бакљи

Претседателот на францускиот Бордо, Жан-Луј Трио објави дека се повлекува од фудбалот и дека ќе ужива во пензијата во живописниот Шатобелер на Карибите. За 21 година Трио со клубот поминал трнлив пат од длабока јама до четвртфинале на Лига на шампиони.

Нека зборуваат француски!

Многу се кажа и напиша за "Молиер клаузулата" прв пат претставена од Винсент Ју, советник од западниот француски град Ангулем, во која се бара употреба на француски јазик на градилиштата. Тука, прво и пред сè, станува збор за гарантирање безбедност на градежните објекти, пишува Шантал Делсол во едиторијалот за Фигаро.

Нов француски стрип за животот на едно глуво дете

9 март во Франција е националниот ден на слухот, посветен на зголемувањето на свесноста за проблемите на 6-те милиони луѓе со нарушен слух во оваа земја. По тој повод излезе стрип кој го прикажува секојдневниот живот на едно семејство со глуво дете. 

Најопасниот тим во Европа со свои деца во тимот

Откако се откажа од трошењето абнормални суми за играчи, Монако во првиот тим има плејада млади деца кои ја поминале нивната академија и кои го носат клубот кон титулата во Лига 1.