Таг: филм

Кратка историја на скандинавскиот филмски секс

Има еден виц, кога во некое од нашите села требало да се прикажува шведски филм, па селаниве се испотепале да дојдат до карта за на крај да сфатат дека „филмот не е шведски, туку советски“. 

„Г-дин Никој" (2009)

„Зошто сум јас јас, а не некој друг?" е едно од прашањата кои ни ги поставува филмов. Но многу потешкото е - дали кога би го знаеле одговорот би биле задоволни од oна што сме станале?

„Во дивината" (2007)

Напишана и режирана од Шон Пен по книга на писателот и планинар Џон Кракауер, ова е вистинска приказна за момче кое одлучува да се одметне, живеејќи во дивините на Аљаска. Филм за сите оние кои некогаш помислиле да ги „снема", ја читале „Валден" и ја сакаат музиката на Еди Ведер.

Нежната „тви" револуција

God Help the Girl, новиот филм на лидерот на Belle&Sebastian, e виновникот за актуелизирање на една естетика на која оние растени на мрачна психоделија реагираат со благо гадење. Навидум слаткаст, „тви“ е сепак светоглед на меланхоличните, кои одбиваат да пораснат. 

Актерот кој го синхронизира Џејмс Бонд на германски

Позајмувањето гласови на филмски ликови е актерска вештина за почит. Со носталгија се сеќаваме на оние на Борис Мајсторов, Таска Балабанова и Божо Софрониевски од цртаните, а новите генерации имаат прилика да следат синхронизирани турски серии. Но во земји како Германија ова е долга традиција, во која важат високи стандарди. Дитмар Вундер е еден од најбараните актери кога се во прашање блокбастерите.

Кој го уби Пазолини?

Италијанскиот режисер, поет, филозоф, сликар и политички активист беше убиен на 2. ноември 1975. И денес, четири децении подоцна, сè уште не се знае точно кој го сторил тоа, иако се претпоставува зошто. Еден филм на годинешново Венецијанско биенале ќе се обиде да ги реконструира последните часови од неговиот живот и да укаже на неговите можни убијци.

„Различните“ (Divergent, 2014)

Колку варијанти на дистописки книги претворени во филмови, кои зборуваат за тинејџери кои го предизвикуваат системот со своите востанички потфати можете да поднесете? Што се однесува до нас, ако главниот лик е женско на граница на супер-херој, колку сакате. Па уште ако вешто ракува со студено оружје...

Како да прикажеш дигитални преписки на филм?

Еден од современите предизвици на филмскиот медиум е да најде асален начин да прикаже дигитално примање и испраќање пораки, по мејл или по СМС, без да го нарушува дејството. Некои од досегашните примери се катастрофални, други многу креативни.

The Snowpiercer (2014)

Футуристичка трилер-акција во стилот на Матрикс или Игри на гладта, со дизајн како кај Вес Андерсон, и со алегориски и сатирични тонови, кои лесно ќе ги препознаете. Особено ако сте од задните вагони на возот кој забрзано ита, кон никаде.

Ептен минималистички филмски постери

Кога е во прашање минимализмот, работата е колку далеку може да се оди, а пораката сепак да биде пренесена. После овие постери не знаеме што би можело да биде кажано повеќе. Пардон, помалку.

Кога филмската симболика се прелева во реалноста

Имитациите на она што се случува во филмовите не завршува со фризурите или популарните бебешки имиња. Понекогаш филмовите кои зборуваат за некаква политичка побуна ги инспирираат оние од другата страна на платното да ја прифатат истата иконографија.

Да им помогнеме да снимат краток филм во Македонија

Продуцентката е Македонка која неколку години живее во Франција. Режисерот е дечко од Тексас, и не е каубоец. Тие сакаат да снимат приказна која звучи баш фино, и да ја снимат во Скопје. Сега собираат пари за тоа да се случи.

Нов филм од авторот на „Којанискватси"

„Посетители“, новиот филм на овој автор кој не сака да се нарекува ниту авангарден, ниту режисер, се состои од долги и бавни прикази на човечки лица, кои гледаат директно во нас.

„Ноќно стражарење" (2007) и „Рембрантовото J'Accuse" (2008)

Во 2006, во рамките на одбележувањето на 400 години од раѓањето на Рембрант во Холандија, Гринавеј почнал долгогодишен проект, кој вклучувал опера, игран филм и документарец посветени на овој сликар. Поточно на една единствена негова слика.

3Д омнибус на Вендерс за уметноста наречена архитектура

„Катедрали на културата" е документарец чија цел е да ја пронајде душата зад циглите и малтерот - вака го опишуваат нивниот нов проект шест славни режисери меѓу кои Вендерс и Редфорд, чија премиера се случи на овогодинешниот Берлински фестивал.

„Продавница за самоубиства" (2012)

Цртан филм кој ќе ве разведри со својот мрачен хумор. Не, стварно.

Мачки во епизодни филмски улоги

Неодамна пишувавме за мачорот (всушност неколку мачори со иста боја со кои мака мачеле браќата Коен) во филмот „Во главата на Луин Дејвис". Но има уште куп филмови во кои мачките не се главен лик, а сепак играат важна улога, или како симбол, или просто како украс во кадарот.

Филмови што најмногу разочараа минатата година

Не е работата дека филмовите се лоши (некои се и добри) или дека не ги бивало, туку главниот проблем им е што од нив се очекуваше многу повеќе. Еве кој разочара и по која основа.

Најдобрите пушачи во европскиот филм

Неброено пати од длабочината на нашeто пушачко белодробие сме испуштиле крик на несогласување со драконските забрани на пушењето. Под мотото „Цигари да - магла не!“, еве уште еден аргумент кој е повеќе уметнички. Колку би загубиле од својата харизма некои ликови кога би ги замислиле без цигарата в уста. 

Анимираниот Чомски

Мишел Гондри, францускиот режисер, сценарист и продуцент („Човечка природа", „Вечниот сјај на беспрекорниот ум") направи филм за Чомски, чија жанровска определба веројатно најдобро се опишува со „анимиран документарец".

Несудениот филм за Калас на Феј Данавеј

На денот кога се одбележуваат 90 години од раѓањето на Марија Калас, за несудениот биографски филм за неа режиран од една - актерка.

15 златни правила на правењето филм

Во пресрет на вечерашното отварање на фестивалот Синедејс, режисерски мудрости од три големи имиња на филмот - Вотерс, Вендерс и Џармуш.

Вресокот на Вилхелм

И не е само оној на Мунк, и не е само оној од Психо - крици, врисоци и извици си се стандарден дел од секоја филмска архива на звучни ефекти. Сега овие од Холивуд сакаат конечно да го сменат оној кој го имаат користено дури 60 години.