Таг: филм

Богатството во гаќите на Кантона

Легендата на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона ќе биде еден од актерите во франциска еротска комедија, а тој ќе го глуми ликот со име „Пастувот".

„Два дена во Њујорк" (2012)

Фино, feel good филмче, ко за недела попладне, од умната и убава Џули Делпи, со Крис Рок и нејзиниот уште посмешен татко.

Дали сте чуле за Алис Ги Блашè?

Иако била првата жена-режисер на играни филмови, за неа до скоро не знаеа ни Џоди Фостер, ни Роберт Редфорд, ни Бен Кингсли. Сега двајца ентузијасти снимаат документарец за неа, кој ќе ѝ го зацементира неправедно одземеното место во филмската историја.

„Полицаецот“ (2011)

Eден навидум приглуп локален полицаец, еден агент на FBI, тројца криумчари на дрога навлечени на Ниче, две симпатични проститутки, многу кокаин и брутален хумор кој ги разбива сите можни стереотипи. Супер филмче од Џон Мајкл МекДона, братот на Мартин МекДона („Во Бриж“).

Филм за „киднапирањето“ на Уелбек

„Лошото дете" на француската литература, кого многумина го нарекуваат еден од најголемите живи романсиери, во 2011 не се појави на планирана промотивна турнеја во Белгија и Холандија. Се зборуваше дека е киднапиран. Па, бил ли?

„Хамсун" (1996)

Биографски филм за норвешкиот нобеловец, кој се обидува да ги разјасни контроверзите околу славниот писател, кој при крајот на животот, на 86 години, е обвинет за соработка со нацистите и ставен во лудница.

51 Birch Street (2005)

На прв поглед сосема обичен документарец на Даг Блок за неговото семејство. На втор, потресно сведоштво за точноста на една стара руска поговорка - дека душата е темен подрум. А особено онаа на твоите родители.

Барајќи го Шугармен (2012)

Документарец за неверојатната судбина на Сиксто Родригез, музичар од седумдесетите, на кого многумина му предвидувале слава поголема од онаа на Боб Дилан. Филм за мрачните страни на музичкиот бизнис, природата на славата и можноста работите некогаш и некаде да дојдат на свое место.

„Кон-Тики" (Норвешка, 2012)

Возбудлива историска драма/авантура направена според вистинската приказна за сплавот и екипажот кој во 1947, предводен од етнолог кој не знаел да плива, поминал 8,000 километри по Пацификот, само за да докаже една алтернативна научна теорија.

Приказната зад Кјубриковиот „Наполеон"

Пред неколку дена слушнавме дека Спилберг ќе продолжи онаму каде што застанал неговиот славен колега, и ќе продуцира мини-серија врз основа на сценарио за животот на Наполеон, кое Кјубрик го напишал во 1969. Еве неколку интересни детали за најславниот филм кој никогаш не бил снимен.

Нов филм на Ларс фон Трир

Откако првата ексклузивна фотографија од долго најавуваниот нов филм на Ларс фон Трир ги разочара гладните за скандал, кои овој режисер редовно ги снабдува со материјал, втората фотка е веќе нешто сосема друго...

„Изгон" (2007)

Филмов може или да ве скрши на парчиња и да не можете со денови да си дојдете на себе, или да ви биде досаден и непотребно долг. Оние кои сигурно треба да го гледаат филмот се парови во долги врски, кои некаде по пат заборавиле дека до нив дише друго човечко суштество.

Монти Пајтон повторно на куп

Пајтоновецот Тери Џонс ќе ja режира научно-фантастичната фарса, во која останатите од трупата играат - вонземјани.

„'Рѓа и коски" (2012)

Ако имате дете кое некогаш за малку ќе се удавело, никако не го гледајте филмов. За останатите, ова е мелодрама, ама со многу страст за живот, дури и кога тој гризе, мава и боли.

Клетвата на Хемингвееви

Да си потомок на познат автор и да го носиш неговото презиме сигурно некогаш во животот се исплати. Но генетското наследство понекогаш знае да биде и товар. Мериел Хемингвеј, внуката на Ернест, раскажува за ова во документарец кој е дел од овогодинешната програма на Санденс.

Рамната снага на Каренина

На Русите не им се бендиса најновата филмувана верзија на „Ана Каренина". Една од причините - Кира Најтли била преслаба.

Јапонскиот режисер кој ги мразеше јапонските филмови

Нагиса Ошима, најпознат по контроверзниот „Во царството на сетилата" и „Среќен Божиќ г-дине Лоренс", почина на 80-годишна возраст.

Филмска тема на денот

„Срам" е драма на Британецот Стив МекКвин за еден по малку чуден, навидум сосема зен лик, и неговата опседнатост со секс. Среде целата таа атмосфера на излегување на крај со сопствените демони, има една сцена која наводно е снимена без повторувања.

„Седум психопати" (Мартин МекДона, 2012)

Добро, знам дека сте гледале многу филмови со вооружени лудаци чиј „пеколен план" до крајот на филмот завршува трагично, а нивните антихеројски ликови ви се лепат за срце. Добро, знам дека сте гледале и подобри од овој - Тарантино, Гај Ричи, дури и самиот МекДона со „Во Бруж". Ама ако ништо друго, овој ќе го сакате заради актерската екипа од соништата.

„Ѕверови на јужната дивина" (Бен Цајтлин, 2012)

Можеби е заради тивката меланхолија на пост-новогодишните денови, можеби до преслатката шестгодишна Хашпапи, главниот лик во филмот, а најверојатно затоа што тој е едноставно добар.

Три нови филмови за Џеф Бакли во 2013.

Иако не се одбележува некој посебен јубилеј, оваа година ќе се појават дури три биографски филмови посветени на овој прерано починат музичар.

„Клип“ (Маја Милош, Србија, 2012)

За филмов прв пат слушнав кога беше забранет од Министерството за култура на Русија, заради неговата „штетна содржина". Откако го гледав не знам што е поштетно - да го гледаш, или да го живееш.

„Цезар мора да умре" (2012)

Филмот следи група актери кои ја подготвуваат шекспировата „Јулие Цезар" . Навидум ништо посебно, додека не сфатите дека не се работи ниту за вистински актери, ниту за филмско студио.