Првиот филм е на Бред Пит и синот на сер Ридли Скот, Џејк, под наслов „Мистериозно бело момче". Џејк Скот, кој досега главно се занимавал со режирање на музички видеа, ги има ексклузивните права на музиката и личните архиви на Бакли, вклучувајќи ја и дозволата од Сони мјузик да ја користи „Алелуја", каверот кој тој ја направи на Коеновата песна на антологискиот албум Грејс.
Извршен продуцент на овој филм е мајката на Бакли, Мери Гилберт, која во филмот ќе ја игра Патриша Аркет. Гласините сепак велат дека во последен момент се направени некои измени, и дека наместо Скот филмот ќе го режира Ејми Берг, а исто така е можно да биде заменет и Рив Карни, ѕвездата на бродвејскиот мјузикл Спајдермен, кој првично беше планиран за главната улога.
Сите овие измени веројатно ќе направат овој филм да доцни, а прв годинава да излезе „Поздрави од Тим Бакли", кој ја истражува врската на Џеф со татко му, кој едвај и да го познавал. Тим Бакли бил еден од пионерите на фолк-рокот во текот на шеесетите, кој комбинирал џез и психоделија, пред да почине од предозирање, на 28 години. Главната улога во овој филм ја игра Пен Баџли, познат по тинејџерската серија Gossip Girl, кој земал часови по пеење и гитара за да се подготви за улогата. Видеото кое беше постирано минатата година во кое Баџли ја пее "Lilac Wine" е објавено за да се покаже дека часовите дале резултат.
Третиот филм е на австралискиот режисер Брендан Флечер, базиран на биографијата од 2008., „Чиста капка: животот на Џеф Бакли" од Џеф Аптер, поранешен музички уредник на австралиското издание на Ролинг Стон.
Најголем губитник во целава работа изгледа е сепак Бред Пит, кој неколку години се обидувал од мајката на Џеф да ги извлече правата на неговата музика со која изгледа е опседнат. Но таа ги отфрлила почетните сценарија кој тој ги предложил затоа што „премногу се одалечувале од реалноста". Истовремено одбила и друго сценарио бидејќи тоа вклучувало ЛСД халуцинација - средба помеѓу Тим и неговиот син. Но нејзе не ѝ се допаднала ни варијанта предложена од продукциската компанија на Тоби Мегвајер, во која нејзиниот син никогаш немал проблеми ниту со дрогата, ниту со алкохолот.