„Апсолутно сè“

Монти Пајтон повторно на куп

Пајтоновецот Тери Џонс ќе ja режира научно-фантастичната фарса, во која останатите од трупата играат - вонземјани.

Тимот на МП се подготвува за прво асли филмско обединување по 1983. Тери Џонс, режисерот на „Животот на Брајан" и последниот „Смислата на животот“, овој пат ќе режира комедија која комбинира компјутерска графика и актерство, под наслов „Апсолутно сè".

Џон Клис, Тери Гилијам и Мајкл Палин веќе се согласиле да ги позајмат гласовите на група вонземјани, кои на еден обичен смртник му даваат „да прави што и да посака", за да му фаќат сеир. Главен лик е еден наставник, кој по нивната интервенција само со одмавнување на раката може да казни немирни ученици или да врати мртви во живот, но кој запаѓа во различни неволји додека се обидува да ги научи новите вештини.

Единствено останува несигурно учеството на Ерик Ајдл, кој бил воздржан и при претходните собирања на трупата, како во 1998 на Фестивалот на комедија во Аспен, кога останатите членови со себе ја понеле и урната во која наводно се наоѓала пепелта на Греам Чепмен, починатиот пајтоновец.

Ајдл на неговиот Твитер профил неодамна реагираше и на новата, филмувана верзија на мемоарите на Чепмен, „Автобиографија на еден лажго", која со три режисера и четиринаесет различни анимациски компании според критичарите изгледа како организиран хаос, кој не кажува многу за ликот и делото на оној на кого се однесува. „Тројца-четворица кои неколку минути се појавуваат само со глас, тоа не го прави филмот монтипјатоновски", била неговата реакција.

Една од улогите во „Апсолутно се'" ќе игра и Робин Вилијамс, кој ќе го позајми гласот на кучето Денис, кое сфаќа што се случува со приказната во филмот повеќе од сите останати, а се спомнува и Бенедикт Кумбербач (симпатичниот Шерлок Холмс).

7 февруари 2013 - 08:38