Таг: доналд трамп

Митот за женскиот глас

Меѓу клишеата што заслужуваат да бидат исфрлени по последните претседателски избори во САД е идејата за "женски глас", пишува Хедер Хурлбурт, поранешна функционерка во Белата куќа, Стејт Департманот и американскиот Конгрес.

Важно се протестира

Повеќе од половина од уапсените на анти-Трамп протестите во Портланд воопшто не ни гласале на претседателските избори од пред една недела.

Зошто Хилари Клинтон изгуби

Самата Хилари верува дека за поразот е виновен Џејмс Коуми, директорот на ФБИ кој на само неколку дена пред изборите го извести Конгресот дека повторно ја отвора постапката против неа. Според луѓето од нејзината кампања причината е "збир неконтролирани ветрови во гради". Добар дел од демократите за ова ја обвинија нејзината кампања и стратегијата.

Републиканците за кратко ќе го сменат Трамп

Професорот кој наспроти целиот анкетарски естаблишмент уште во најубавите месеци за Хилари (септември, октомври) непоколебливо тврдеше дека Трамп ќе победи на избори, има и продолжение на својата прогноза, според кое - републиканците ќе го соборат новиот Претседател.

Џо Бајден меме на денот

Актуелниот потпретседател на САД, за време на кампањата во еден момент порача и дека би сакал да се проба со Трамп, еден на еден. Ова уште го држи и кога завршија изборите, и никако не му оди да му ја даде Белата куќа на новиот претседател.

Џон Оливер: Како стигнавме до тука

Човекот што пред неколку години од позиција на водител на Дејли шоу, на најавите на Трамп дека ќе се кандидира за претседател од денешна перспектива наивно му порача „те молам, дај те молам кандидирај се“, во средата сабајле заедно со остатокот од Америка се разбуди со претседател Трамп. Бонус, совршено добар клип на Сатрдеј Најт Лајв за разочарувањето и заблудата на белците либерали (плус Дејв Шапел и Крис Рок) на вечерта на гласањето, околу сопствената земја и сонародници.

Њујорк тајмс: Како згрешивме околу Трамп?

Постои гнев на обичниот народ кон статус-кво во политиката кој меинстрим политичките новинари едноставно не го разбираат, и за да биде болката поголема Трамп им се случува на медиумите само неколку месеци откако истите овие медиуми ја направија истата оваа грешка околу брегзит.

Трамп и либералниот гнев што остана заробен меѓу либералите

„Либералите беа бесни на Трамп и го искажаа својот бес во сајбер-просторот. Тоа немаше никаков ефект бидејќи алгоритмите се погрижија тие да им се обраќаат само на луѓето што и онака се согласуваа со нив“, порачува Адам Куртис во својот документарец за Бибиси, Хипернормализација. Филмот е излезен во октомври, кога сè уште никому не му се верува дека Трамп воопшто е републикански кандидат за претседател на САД.

Што понатаму за демократите?

Милиони Американци во вторникот гласаа против, изразувајќи го своето остро противење на економскиот и политички систем што ги става богатите и корпоративните интереси пред нивните. Јас силно ја поддржував Хилари Клинтон и водев кампања во нејзина корист, и верував дека таа е вистинскиот избор на денот на изборите. Меѓутоа Доналд Трамп ја освои Белата куќа затоа што реториката на неговата кампања успешно се всади во многу реалниот и оправдан гнев, гнев што многу традиционални демократи го чувствуваат.

Јас сум Арап и на многумина од нас ни е мило што Трамп победи

Не е дека имаме некаква друга претстава за Трамп. Трамп е егоистичен расист шовинист кој, во рационален свет, не би требало да има каква било власт. Ама па од друга страна, не би требала ни Хилари Клинтон.

Ноќните програми, еден ден по победата на Трамп

Веројатно единствена група на луѓе на кои им беше подеднакво тешко како и на Хилари да ја признаат победата на Трамп, беа водителите на ноќни шоуа низ САД. Сепак тие се помирија со тоа што се случи, кој колку може. Конан, Колбер, Би, Ноа...

Што правел Трамп во англискиот фудбал во ’91-ва?

Во декември 1991. година, идниот претседател на САД учествувал во ждрепката за четвртфиналето на англискиот Лига Куп. Ни крив ни должен, се испоставило.

Мајкл Мур: Пет работи за правење веднаш

Филмаџијата кој се чинеше осамен крик кога наброи 5 работи зошто ќе победи Трамп и уште летоска им порачуваше на Американците да се навикнат да ги изговараат зборовите "претседателот Трамп", објави листа од 5 работи кои мора да се направат веќе првиот ден по поразот на Хилари.

Што мислат спортистите за изборот на Трамп

Американски одбојкар кој игра во Италија бара жена за да остане таму, Џамал Крафорд е исплашен, а Винсент Компани има еден интересен предлог.

Koj e Трамп, а која Хилари во фудбалот

Бидејќи утринава сите читатели ќе се лепат на веста за новиот избор на претседател во САД и ќе успееме да ги натераме да читаат спорт само ако напишеме дека Меси потпиша за Реал Мадрид, ете и ние ќе бидеме ин. На некој му текнало да склепа неколку фудбалски фотомонтажи од познати моменти на кои Трамп е победникот, а Клинтон лузерот, но бил спремен и за обратното.

Тајниот свет на американските избори

Во интервју за новинарот Џон Пилџер, Асанж ја сумира содржината на десетиците илјади мејлови на Хилари Клинтон што Викиликс ги објави годинава.

Популизам за богати

Неодамна бев на тура низ Палатата на парламентот во Букурешт, џиновска лудост изградена во 80-те по наредба на починатиот романски диктатор Николае Чаушеску, кој беше егзекутиран пред го види објектот комплетен. Статистиките рецитирани од водичот беа вчудовидувачки: третата по големина зграда во светот, со 20,5 илјади метри квадратни тепих, еден милион кубни метри мермер, 3.500 тони кристал. Огромните мермерни скали морале неколку пати да бидат од ново изградени за да одговараат на чекорот на диктаторот, кој инаку бил мал човек.

Лошиот и полошиот

Има помалку од еден месец до американските претседателски избори. За двајцата кандидати всушност би требало да се зборува во категории "помалку опасен" и "крајно опасна": за Трамп може сешто да се каже, но неговата надворешно политичка платформа е нова и интересна, додека онаа на Хилари Клинтон знаеме каква е и каква ќе биде.

Алгоритмите навиваат за Трамп

За разлика од анкетите што речиси од почеток на трката покажуваат предност на Хилари, републиканскиот кандидат најде колку-толку оддишка во прогнози од вештачката интелигенција.

Проклетството да го добиеш тоа што ќе го побараш

Или по ново кажано: Спиеш ли мирно Џоне Оливере? Снимката е од летото 2013, кога Оливер го менуваше Стујарт како водител на Дејли Шоу.

Луѓето ќе го изгласаат Трамп како едно големо ФАК ЈУ

Баталете ги анкетите и сондажите по кои Хилари е во сериозна предност, порачува филмаџијата Мајкл Мур кој останува на својата теза дека Доналд Трамп ќе стане претседател на САД првенствено како гневна реакција на граѓаните кон системот. 

Новиот филм на Мајкл Мур за Трамп, кој не е за Трамп

Документарецот-изненадување, кој почнал да се снима пред само 12 дена, е многу повеќе обид Мур да ѝ помогне на Хилари Клинтон пред финишот во претседателската трка, отколку што е некаков портрет на Трамп. Ама па не дека е многу нежен кон него.