Ставот на Алан Лихтман е дека републиканскиот Конгрес најверојатно ќе го отповика Трамп, бидејќи многу повеќе доверба имаат во новиот заменик претседател Мајк Пенс, и многу повеќе него би сакале да го видат на оваа позиција.
"Ќе ви кажам уште една моја прогноза. И таа не се базира на мојот систем. Туку ова е мое мислење. Републиканците не го сакаат Трамп за Претседател бидејќи не можат да му веруваат и не можат да го контролираат," објаснува Лихтман.
Неговото чувство е дека републиканците веројатно ќе најдат доволно добра причина за импичмент на Трамп, "или ќе му се замерат дека ја загрозил националната безбедност или дека направил нешто во корист на својот бизнис."
Слично чувство околу Трамп има и Дејвид Брукс од Њујорк Тајмс, кој смета дека новиот претседател во текот на следната година ќе потпише оставка.
Лихтман своето предвидување за победата на Трамп го базираше на тврдењето "дека сите изборни резултати примарно се одраз на успешноста на партијата што е на власт." Тој во својата методологија користи и т.нр. "клучеви" (за кои има напишано и книга) кои во есенските пресметки му дадоа блага предност на Трамп.