Таг: доналд трамп

Како се случи Трамп?

Периодов додека патувам низ светот постојано ми поставуваат две прашања: Дали е можно Трамп да победи на претседателските избори и како неговата кандидатура стигна толку далеку, пишува добитникот на Нобел за економија и професор на Колумбија, Џозеф Штиглиц.

Србија и Трамп, драма во три чина

Политички магазин од Србија, притоа и еден од најчитаните, објавува ексклузивно интервју со Трамп, во кое републиканскиот кандидат се подава да исправи барем една од светските неправди нанесени на српскиот народ, и им се извинува за НАТО бомбардирањето од пред речиси две децении (да, толку пројде).

Како републиканците можат да го сменат Трамп, дури и ако тој не сака

Како што почна да зема на сила тазе објавената снимка со фалењето на Трамп околу жените, така републиканскиот кандидат одржа прес-конференција каде на своите поддржувачи, а и на сè останато, им порача "никогаш нема да се откажам од трката за претседател."

Атлантик се кандиса

Атлантик е еден од највоздржаните американски магазини за време на избори. Во своето постоење (пазете, постојат 159 години!) само во два наврата поддржале некој кандидат за претседател. И еве сега се појавува Доналд Трамп.

Заедничкиот успех на Хилари и Трамп

Едниот затоа што е тешка сировина од човек а другата затоа што е толку преработена што не се гледа човекот, републиканскиот и демократскиот кандидат за американски претседател здружно постигнаа интересна цел: на човека да му ги згадат изборите. 

Зошто Европа тајно навива за Трамп

Иако јавно се згрозени од секој потег на Трамп и од помислата тој да стане претседател на САД, добар дел од актуелните европски политичари веруваат дека на крај може ќе има и некаков ќар од неговиот претседателски мандат.

Најкреативните навреди за Доналд Трамп

Низ цела кампања Трамп дели навреди на секој што ќе му се најде на мета или е следен за требење, и овие навреди најчесто се на ниво на второоделенец: "лажго," "крадец," "мали"... Во исто време, комичарите не можат да се сопрат да го пердашат Трамп. Ова се дел од нивните собрани дела.

Не, Доналд Трамп не е фашист

Во вакво време на забуна не е ние чудо што некои големи зборови често се погрешно искористени, дури и од високо-образовани луѓе. Некои луѓе, вклучувајќи најмалку еден универзитетски предавач, почнаа да го нарекуваат Доналд Трамп - фашист. Ова е погрешно. Да ви биде јасно: секако не сум симпатизер на овој гротескен кандидат, меѓутоа него да го наречеш фашист нема никаков смисла, пишува Пиер-Марсел Фавр во колумната за Ле Темп.

Рускиот Трамп сака ѕид, забрана за муслимани и нуклеарка врз Белата куќа

Владимир Жириновски неодамна гордо објави дека побарал ДНК тестирање за да се утврди дека е во крвно сродство со Доналд Трамп. Додека резултатите покажат дали се биолошки братучеди, Жириновски својски се труди да докаже дека се политички близнаци.

Доналд Трамп и неговата армија "стелтови"

"Признајте, ќутенката ќе си го гласате Трамп?" Вака гласи насловното прашање на еден американски психолог која говори за скриениот адут на Доналд Трамп: армијата луѓе која иако јавно не го подржуваат, најверојатно ќе гласаат за него. Тоа се истите оние кои кај нас некогаш не го гледаа Вучиќ а денес не гледаат турски серии.

Како Фејсбук се претвори во фабрика за пари за велешани што пишуваат за Трамп

Во анализа на веста од пред неколку месеци дека Македонија, поточно Велес, претставува престолнина на про-Трамп сајтовите, Гардијан успева да идентификува над 150 домејни поврзани со вести со Трамп регистрирани на луѓе од Велес.

Апокалипса веднаш

Оригиналниот и фактографски точен наслов на сторијата е “Најџел Фараж зборуваше на митинг на Доналд Трамп”, меѓутоа сепак не сакаме на прва да вадиме луѓе од памет.

Проштален говор на Џон Оливер

Говорот е упатен до Доналд Трамп и во него најдругарски го советува како од целата работа може да излезе како легенда, а сè што треба да направи е да се откаже од претседателската трка. Проштален, затоа што оди на одмор до 20 септември и се надева дека до тогаш Трамп ќе го има послушано.

Доналд Трамп не ни сака да стане претседател

Снимателот на документарци изјавил дека "со сигурност" знае дека Доналд Трамп не сака да биде претседател на САД и тврди дека републиканскиот кандидат сега ја саботира сопствената кампања за да го избегне претседателскиот мандат.

"Пржењето" на Доналд Трамп

2011-та, Обама е пред крајот на својот мандат а Доналд Трамп е еден од најголемите кловнови на телевизија, кој се заканува дека ќе стане претседател на САД. Без разлика на сличностите, 2011-та е и никој не го сфаќа посебно сериозно, дури ни самиот тој, па решава да се појави на Комеди Централ.

Трамп во две видеа, за два дена

Самиот Стивен Колбер признава дека најголемиот проблем што го има со Трамп е што едноставно не може да го пофатиш човекот, таман за едно се избламирал, не поминал ни ден, прави нова глупост. На пример во вторникот избрка бебе (вистинско, автентично, оригинално човечко бебе) од прес-конференција, во средата изјави дека Хилари е основач на ИСИС. И така, веќе година и кусур.

Зошто Путин би го слабеел НАТО, кога за тоа ги има Ердоган и Трамп?

Ако Путин правеше планови како да го ослабе НАТО, тој не би можел да смисли нешто подобро од она што се случува во моментот, пишува Блумберг.

Кримскиот излет на Трамп

Како ретко кој американски претседателски кандидат, посебно републиканец, Трамп има крајно мек став кон Русија и Путин, до толку што, без разлика дали свесно или не, како да наговести дека би можел да го признае Крим како руска територија.

Авторот на мемоарите на Трамп „длабоко се кае" за книгата

„Уметноста на договорот", објавена во 1987, која помина 51 недела на бестселер листата на Њујорк Тајмс, направи Американците во Трамп да гледаат шармер со неверојатно чувство за бизнис. Ко-авторот, а всушност вистински автор на книгата, Тони Шварц, сега вели дека со неа ставил „кармин на свиња".

Тед Круз го понижи Трамп пред своите

Како што во говорот на главната партиска конвенција одби да го поддржи Трамп, така симпатизерите на Круз во салата во Кливленд извикуваа "2020". Процената е дека ако излезе според планираното (Трамп да ги изгуби изборите) Круз ќе биде најверојатниот кандидат на партиските избори 2020.

Стравот од фасцинираноста на Трамп со диктатори

Ако кандидат еднаш каже нешто и се откаже, тогаш треба да му се даде шанса. Ако нешто упорно го повторува, дури и откако е критикуван за тоа, тогаш таа изјава веројатно преставува став што кажува нешто важно за човекот. Е така е и со Трамп, порачува Пол Валдман во колумната за Вик.

Поучна сликовница со Доналд Трамп (пак)

Од една страна, мимикрирањето на политичка сатира во форма на детски сликовници е симпатично, можеби на долги стази и поучно. Од друга страна, мора ли и децата да ги заморуваме со истите ликови со кои сме опседнати ние?