Поканата, која неодамна протече во јавноста, Трамп ја дал за време на телефонскиот разговор со Меј, кој требало да биде чисто за формално потврдување на соработката меѓу двете страни.
Од протоколот само дополнително се ужаснати што Трамп ѝ порачал на Меј дека е голем фан на кралицата, па да ја поздрави кога ќе ја види.
Меј беше едeн од 10-те светски лидери со кои Трамп разговараше по победата на изборите. Претходно британската премиерка одби да го искористи Најџел Фараж како посредник во контактот со Трамп.
Британските медиуми подоцна извадија и информација дека по изборот, Трамп имал подолг телефонски разговор со водителот Пирс Морган, отколку со Меј.