Неговата игра не можеше да се опише со зборови, неговиот стил беше неповторлив а „Златната топка“ освоена во 2004-та стана признание за неговата уникатност.
Украинските власти, заради големиот број сообраќајки, спроведуваат кампања, „Преземи контрола“. Главни авторитетни ликови во неа се - старите украински писатели.
Стрелецот на вториот гол за Хрватска, стоперот Вида и членот на стручниот штаб Огњен Вукојевиќ синоќа снимиле видео во кое ја величаат Украина што Русите го сфатиле како провокација. Двајцата долго време играа за Динамо Киев, едниот седум години, другиот пет па затоа ваков излив на емоции за Украинците кои во квалификациите за Светско испаднаа токму од Хрватска.
Народниот пратеник од партијата БПП (Блок Петро Порошенко) и претседател на фудбалскиот сојуз на Украина, Андреј Павелко се најде во центарот на скандал откако ѝ дал на ќеркичката да игра со пехарот од ЛШ.
Срамниот обид за поголема заработка на дел од скопските сместувачки капацитети пред мечот од Супер Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е „мала маца“ во споредба со она што деновиве се случува во Киев.
Украина ја прекина истрагата околу Пол Манафорт, еден од главните осомничени од Роберт Мулер за руското мешање во американските избори, откако претходно администрацијата на Трамп одлучи на земјата да и продаде оружје за нејзиниот конфликт со Русија.
Лидерот на отцепениот Луханск го повика украинскиот претседател на двобој. Баш како во времето на Пушкин, да се најдат в зори а му остави и да бира оружје. Има и модерен апдејт: не му пречи да дојдат и телевизии.
УЕФА удри парично по Украина, поради навредливите транспаренти и употреба на пиротехника за време на квалификацискиот дуел со нашата селекција на 12 септември.
Најновата забрана доаѓа директно од украинското министерство за внатрешни работи, од каде бараат барем за време на предизборна кампања луѓето да бидат малку цивилизирани и да престанат да ги фрлаат политичарите во ѓубре.
Воениот конфликт кој ја зафати Украина влијаеше и на спортот во оваа земја, така што многу професионални спортисти беа принудени да бараат чаре на друго место.
Доколку Кремљ и Путин ја водат својата политика врз основа на гледиштата на нобеловецот Александар Солжењицин, тогаш источна Украина е само првиот чекор во создавање нова, поголема Русија.
Веќе е јасно дека уривањето на Боингот 777 е сè освен несреќа, и дека е најголема веројатноста дека тој бил срушен со ракета земја-воздух. Иако се уште има препукувања за тоа кој пукал, натежнува верзијата во која виновници се Русите.
Додека се нагаѓа дали Путин го нарачал рушењето на авионот, или веќе ја изгубил контролата над бунтовниците во Украина, и дали оружјето ним оружјето им било испорачано од Русија, или пак го заплениле од украинската армија, единствено сигурно е дека нема ниту еден преживеан меѓу сите 295 луѓе во авионот.
По претседателските избори во Украина воскресна идејата дека САД треба да и помогне на земјата (како што тоа го прави секогаш кога помага) и да и испорача оружје. Теоретски ова е добро затоа што ќе покаже дека САД стои зад новата влада. Во пракса ова е лошо затоа што ќе создаде погрешна претстава дека САД планира да се потруди околу Украина.
Во име на мирот во Украина Запад неодамна потпиша договор со Путин. Во име на мирот Европа потпиша и во 1938-ма, кога на Хитлер му понуди делови од Чехословачка.
Рускиот претседател деновиве го имаше годишното одговарање на прашања од граѓаните во живо на телевизија (му беа поставени 2,5 милиони, одговори на 81 прашање). Украинскиот новинар Андреј Ближо има 5 прашања кои или никој не му ги поставил на Путин, или не биле ставени пред него да ги одговара.
Наградата ја дава украинскиот енергетски тајкун Игор Коломоиски, а се што треба да направите за неа е да уапсите некој од Русите што освојуваат на истокот од Украина и да го одделите од неговото оружје.
Сето она што се случува во Украина во основа е проследено со три типа на репортажи: видео од војска руска/украинска, видео од демонстрации и видео од настрадани граѓани. Последнава тема, станала сомнителна.
Не заврши со Крим, ама па и никој не веруваше дека таму ќе заврши. Соочени со понатамошната руска агресија на источна Украина, ЕУ и САД повеќе не треба да ја разгледуваат финансиската и политичката поддршка за украинската влада како опција. Сега таа е неопходност.
Не на ниво на индустрија туку на ниво на една од поголемите компании што го работат ова, "нарачувањето" невести од Украина е годишен бизнис од 140 милиони долари. За овие пари добар дел од потенцијалните зетови завршуваат во голема була.
Ситуацијата е ваква, колку помалку Американците знаат каде воопшто се наоѓа Украина, толку повеќе се расположени Америка воено да интервенира во целата работа.
Украинската изборна комисија ја одби претстедателската кандидатура на Дарт Вејдер, ликот кој ветуваше дека земјата нема да ја внесува ни во ЕУ ни во Русија туку во "галактичката империја".