Непримерна видео порака на Домагој Вида и Вукојевиќ
Стрелецот на вториот гол за Хрватска, стоперот Вида и членот на стручниот штаб Огњен Вукојевиќ синоќа снимиле видео во кое ја величаат Украина што Русите го сфатиле како провокација. Двајцата долго време играа за Динамо Киев, едниот седум години, другиот пет па затоа ваков излив на емоции за Украинците кои во квалификациите за Светско испаднаа токму од Хрватска.