По завршувањето на мечот Чешка - Украина (1:2) меѓу гостинските навивачи и домашната полиција избиле нереди. После последната судиска свирка украинските навивачи тргнале да се прекачуваат преку ограда за да влезат на теренот и да земат дресови од нивните миленици но чешките специјалци примениле сила и привеле осуммина навивачи.
Полицијата немала намера да ги ослободи, другите навивачи се вратиле во гостинскиот сектор и таму скршиле неколку столици. Во конфликтот се вмешал и селекторот на Украина Андреј Шевченко кој ги смирувал навивачите и од специјалците пробал да ослободи двајца приведени.
„Дај не ја драматизирајте толку ситуацијата, со мене се е во ред. Мислам дека на почеток некои навивачи влегоа да не поздрават, а полицијата реагираше и исто ги разбирам и нив. Побарав да ги остават, да ги пуштат приведените и да ситуацијата да се реши. Нема никаква вина, бидна што бидна. Се надевам дека сите ќе ги пуштат и се ќе биде добро“, раскажал Шевченко за случката после мечот од првото коло на Лига Нации.
Претседателот на украинската фудбалска федерација Андреј Павелко останал после мечот во полициска станица каде пробал да ги ослободи навивачите. На мечот присуствувале повеќе од 1.000 украински навивачи.