Мариупол беше целосно уништен од Русија, а илјадници цивили загинаа и беа раселени. Сега обновата на градот, која не запира, е една од клучните точки на руската пропаганда, а германските компании се таму да помогнат, објавува германската телевизија АРД во текст под наслов „Помошниците на Путин“.
Во руската јавност трае неколкумесечна дебата околу тоа треба ли спортистите од најголемата земја на светот да спуштат глава и да ги прифатат дискриминаторските услови од Меѓународниот Олимписки комитет кој кажува кој од нив ќе дојде, кој смее а кој не смее и тоа сите без руско знаме, без руска химна, без руски грб.
Западните санкции не постигнаа ништо во спречување на Русија да ја почне а потоа и продолжи војната против Украина, руската економија ја заврши 2023 со раст на БДП од 3,6% што е повеќе од која било членка на Г7, а како бонус најголемите западни економии или се влезени или влегуваат во рецесија.
На западните сојузници им станува сè појасно дека Украина ја губи војната против Русија и дека до летото таа ќе се соочи со пораз, пишува британски Ивнинг стандард.
Додека континентот уште не може да се освести од кошмарот со енергетската криза заради кој затворија некои од најголемите индустриски капацитети, Економист предвидува дека Европа допрва ја чека драмата со зголемениот кинески извоз и тарифите на Трамп.
Ако се земе предвид колку труд и убедување беше вложен за најдобрите западни тенкови да се појават на украинскиот фронт и резултатите што тие ги донесоа, на крај излезе дека тоа и не беше најдобра идеа, пишува Киев пост.
За разлика од стандардната работа на артилеријата низ овие две години војна, последниве месеци војната во Украина и придвижувањата на фронтот ги обележува уште едно старо-ново оружје по кое посегнаа русите - крилести бомби.
Сам ми има кажано дека проширувањето на НАТО во Украина е причина за конфликтот во кој се наоѓаме. Сега тврди нешто сосема спротивно. Не ми е јасно што му е. Ако е игра за политички гласови - губи. А и воопшто не е е игра. Не можам да сварам ваква инфантилност. Овие луѓе треба да пораснат. Последното нешто што го сакаат Французите е да гинат во Украина.
Додека ова е далеку од замрзнат конфликт, полека почнува да се нагледува кошмарно сценарио за Украина затоа што Западот не испраќа оружје, пишува Иан Мартин во текстот за британски Тајмс.
Добра вест за Киев: Западот реши да заплени 5 милијарди евра камати на руските пари што лежат во Европа. Лоша вест за Киев: нема да види пара од нив, Западот ги чува за себе за не дај боже.
Напуштањето на рускиот пазар по руската агресија на Украина не е ни лесно ни евтино. Ако сакаш да заминеш, она што го имаш таму ќе мора да го продадеш со попуст од минимум 50% кој оди и до 9о% а некогаш се продава и за една рубља. Плус треба да се уплати десеток од продажбата во буџетот. Не е чудно што од илјадниците странски компании кои се колнеа дека ќе заминат, досега комплетно дигнале сидро од таму само 372.
Арјен Робен, ведетата на Баерн Минхен и легендарен холандски фудбалер еднаш тешко се повреди откако тргна да слави гол со лизгање на коленици. Оштетил и лигаменти и што уште не попатно. Од тогаш апелираше до сите фудбалери да избегнуваат да ги слават головите на тој начин.
Грузија ја испиша историјата, истата која ја испишавме ние против нив на нивен терен пред 4 одини. Во бараж финалето од Лига на нации, после тешка 120 минутна битка без голови, ја совладаа Грција на пенали. Ова е таа борба која ја отсликува желбата да се израдува нацијата и да се биде на иста сцена со најголемите.
Минатата недела американскиот Конгрес во обид колку толку да пушти некоја помош одобри нови 300 милиони долари помош за Украина. Излезе дека Пентагон ги има потрошено парите уште пред 4 месеци.
После осум квалификациски обиди и уште два преку Лига на нации, Грузија успеа за прв пат по осамостојувањето да влезе во најелитното европско фудбалско друштво откако во бараж финалето од Лига на нации на пенали ја совлада Грција.
Селекцијата на Грузија го слави првиот историски пласман на ЕП откако на пенали го елиминираше европскиот првак Грција од 2004. На ист начин визата ја чекираше и Полска против Велс, а Украина тоа го заврши за 90 минути со победа од 2:1.
Балтичките лидери ги притискаат членките на НАТО да почнат работат на враќање на задолжителното служење војска во своите држави, за да имаат доволно луѓе подготвени за заканата што доаѓа од Русија.
„Помагав во воздушните евакуации во Авганистан, организирањето и носењето помош на фронтот во Украина, помагав во градењето патишта во Руанда,“ пишува активистот Амед Кан во Интерсепт. „Ништо од тоа не ме подготви за она што го доживеав во Газа во обид да внесам неколку камиони со храна и лекови.“
Пораката пренесена од Вашингтон до властите во Киев е дека нивните дроновски напади на руски нафтени рафинерии на руска територија ја покачува цена на нафтата низ цел свет и за сите, плус ќе повлече и одмазда од руска страна.
Мошне убедливи резултати донесоа синоќешните полуфинални дуели од баражот за пласман на Евро 2024. Грција го растури Казахстан со 5-0 и се избори за финален дуел за пласман на големиот собир во Германија, а Украина направи неверојатен пресврт на гости кај Босна и Херцеговина.
Европскиот дел од НАТО, ќе треба да најде дополнителни 56 милијарди евра годишно за да го пополнат буџетот на алијансата до договорената сума од 2% од годишниот бруто домашен производ на секоја членка.