Симболиката на овие 300 милиони е што тоа е првата помош за Украина што американските законодавци ја имаат изгласано во последните 12 месеци и дека со нејзе се покажува дека САД и понатаму „се во игра“.
Помошта беше вклучена во пакетот од 1.200 милијарди долари за продолжување на работата на американската федерална влада, меѓутоа парите биле потрошени уште во ноември минатата година, што значи дека Киев пак нема да види нови пари од САД.
Дури и да беа достапни парите и да и беа испорачани на Украина, сумата немаше нешто многу да смени во војната, во која на Киев му недостасуваат милијарди долари помош за продолжување на војната и ослободување на земјата.