Џефри Сакс: Макрон па ич не ми е јасен

Сам ми има кажано дека проширувањето на НАТО во Украина е причина за конфликтот во кој се наоѓаме. Сега тврди нешто сосема спротивно. Не ми е јасно што му е. Ако е игра за политички гласови - губи. А и воопшто не е е игра. Не можам да сварам ваква инфантилност. Овие луѓе треба да пораснат. Последното нешто што го сакаат Французите е да гинат во Украина.

Го знам Макрон, го познавам лично. Знам дека тој ми има кажано кажа дека проширувањето на НАТО со Украина е причина за ова во кое сега се наоѓаме.

Не разбирам што мисли дека прави во моментов. Ако ова му е политичка игра за добивање гласови, добива комплетен контраефект во Франција.

Последното нешто што Французите сакаат е да умираат во Украина. Последното нешто што тие сакаат да видат е како одиме во Трета светска војна, и затоа тој не доби никаква поддршка - само го исмеваа.

Можеби се работи само за неверојатно погрешна пресметка. Но, за мене е уште почудно затоа што го познавам и разговарав за војната со него. Тој ми рече дека ова е војна е предизвикана од проширувањето на НАТО и дека тоа е апсолутната причина зошто сме во овој конфликт.

Сега го кажува спротивното. Уште повеќе нервира што тоа не е само читање или слушање глупости, туку во мојот случај, лично знаење дека тоа е сосема спротивно на она што го слушнав директно од претседателот Макрон во минатото.

А причината зошто ги кажувам сите овие работи, не е прашање на храброст или нешто друго, само не можам да сварам ваква инфантилност кога влогот е толку проклето голем.

Како да играат игра. Но, не е игра. Секој ден, илјадници Украинци се убиени; толку многу Руси се убиени, а заканата од ескалација е на највисоко ниво. Позиционирање за избори во Европскиот парламент и слично - овие луѓе треба да пораснат.

Западот лажира со години и години. Знаат тие за што се работи, но го држат тој наратив. Тие лажат, а терористичкиот напад во Крокус е само уште еден дел од лагите бидејќи, без оглед на објаснувањето, тие не ја кажуваат вистината за она што го знаат. Тие не објаснуваат ништо“.

Целото интервју на Џефри Сакс со Владимир Соловјев, подолу:

**********

 

 

30 март 2024 - 09:31