Перо Антиќ го одигра третиот претсезонски натпревар на кој неговиот тим доживеа нов пораз. Атланта Хокс загуби на домашен терен од Мемфис Гризлис со 82:90.
Победнички викенд за македонските ракометни претставници во елитната Лига на шампиони. По високиот триумф на Вардарци на гости против Тун и екипата на Металург славеше против белорускиот состав Динамо Минск со 34:29 и ја обезбеди третата победа во групата.
Клемен Слакоња го знаете од серијата рекламни спотови за македонскиот туризам во кои како Стив Ирвин откриваше ендемски видови во Македонија. Овојпат има сосема друга мета - живописниот филозоф Славој Жижек.
Ракометниот шампион на Македонија одржа лесен тренинг во четвртото коло од ракометната Лига на шампиони. Екипата на Вардар го прегази Вакер Тун на гостувањето во Швајцарија со 24:37.
Нетфликс веќе е во сериозни преговори со Комкаст и други провајдери да стане дел од нивната редовна понуда на кабелска телевизија, ама како самостоен канал. Кога се појави Нетфликс требаше да биде компанијата што ќе го стави крајот на кабелската телевизија.
Скапите играчите не се секогаш гаранција за успех, а ова ќе почекаме да видиме дали ќе важи за Герет Бејл и Реал Мадрид. Познатите фудбалски имиња на пазарот со завршени договори може да имаат голем придонес и покрај тоа што не чинат ниту едно евро, па еве го најдоброто за наредната сезона.
Солзи, радост, турбуленции, успеси. Во 18 годишната ера на „Џузепе Меаца" Масимо Морати успеа да ги надмине најголемите кризи на клубот, но и да ги дочека најблескавите моменти, како историската 2010 година кога Интер стана првиот италијански тим со тројна круна во една сезона.
Откако македонската фудбалска репрезентација го оствари историскиот неуспех со пласманот на последната позиција во квалификациската група, следи и пад од 11 позиции на ФИФА ранг листата.
Крокодил е една од најужасните дроги што некогаш постоеле на земјава, чија главна нуспојава е што нејзините корисници буквално физички гнијат и се распаѓаат. По 10 години во Русија, Крокодил неодамна се појави во САД.
Не бил само Чичарито вчера несреќен. Португалија вчера го имаше водството од 3:0 против Луксембург, но ваква завршница како на Хуго Алмеида мислевме дека може да направи само некој наш репрезентативец. Да му дадеш уште 10 пати да шутира, сигурно нема да успее да ја погоди пречката.
"Како да собереш телефон од девојка" е посебен жанр на интернет кој има десетици досетливи решенија. За следниов начин човек треба да биде или многу очаен или многу одважен. А во секој случај да биде оптимист, дека ќе налета на вака расположени жандари.
Прво учество за селекцијата на Босна и Херцеговина на Светските првенства која со гостинскиот триумф над Литванија од 1:0 го слави најголемиот спортски успех. Билет за СП во Бразил со директен пласман обезбедија и Русија, Шпанија и Англија.
Во германската кујна повеќе од еден век постои нешто што се нарекува "цигански сос". Е, неќе моќи. По негодувањата од ромската популација дека ваквиот назив е навредлив, сосот сега се вика балкански. Во име на Балканот нема кој да се лути.
Репрезентациите на Германија, Белгија, Швајцарија и Колумбија изборија пласман на Светското првенство во Бразил, а Босна и Херцеговина, Русија, Англија, Шпанија, Чиле и Еквадор во вторник ќе ја имаат судбината во свои раце.
Зависниците од Фејсбук можат да бидат горди на себе затоа што сториле голема добрина за еден човек. Се вика Марк Закербег кој штотуку потрошил 30 милиони долари да купи четири куќи околу својот дом за да има поголема приватност.
Нејќеме да расипеме ничии соништа но јавето изгледа вака. Првиот е Американец, вториот Јапонец, третиот Холанѓанин а последниот Французин. Идеални само по тоа што се совршено просечни.
Во октомври Ванити Феир одлучи да ја објави листата на 50 најголеми иноватори за 2013-та, луѓе кои од темел ги протресуваат индустриите во кои работат.
Тренерот на македонскиот второлигаш Миравци си поднесе оставка поради тврдењата дека газдата натепал еден од фудбалерите затоа што не му подавал на син му. Сопственикот пак на Кардиф Сити го избрка главниот скаут и на негово место го стави школскиот другар на неговиот син кој работел како молер во клубот.
Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа далеку под своите можности во втората рунда од новата сезона во регионалното кошаркарско натпреварување. Екипата на Шолнок заслужено стигна до триумф од 81:69.
Авторот на нашиот омилен стрип доби свој астероид! 4942 Манро (претходно познат како 1987 DU6) орбитира околу Сонцето на внатрешниот раб од главниот астероиден појас, и не е закана за Земјата.