Премиер лига
Во англиската Премиер лига наредната година врвни фудбалски имиња може да ги сменат клупските бои доколку не ги продолжат своите договори. Се работи за повозрасни играчи кои се уште не се престарени за пензија и можат уште да придонесат со своето искуство.
Најзвучните имиња кои ги издвоиме и кои идното лето може да си заминат гратис се претежно од Манчестер Јунајтед и Челси, а се работи за играчи од калибарот на Видиќ, Фердинанд, Евра, Тери, Лампард кои се клучни во своите тимови.
Немања Видиќ (31) –Манчестер Јунајтед
Рио Фердинанд (34) – Манчестер Јунајтед
Мајкл Карик (32) – Манчестер Јунајтед
Патрис Евра (32) – Манчестер Јунајтед
Самуел Ето (32) - Челси
Џон Тери (32) – Челси
Ешли Кол (32) – Челси
Џо Кол (31) – Челси
Френк Лампард (35) – Челси
Димитар Бербатов (32) – Фулам
Бундес лига
Во Бундеслигата веќе се разрешени дилемите околу иднината на Левандовски кој уште од првиот ден од новата година ќе му се придружи на Баерн Минхен. На трансфер пазарот има уште неколку искусни фудбалери кои веќе од јануари имаат право да преговараат и да потпишат преддоговор доколку во меѓувреме не потпишат нов договор со своите клубови.
Од редовите на европскиот шампион има тројца играчи кои имаат ставено потпис со клубот до 30 јуни 2014, а на тој ден истекува и договор на нашиот репрезентативец Николче Новески со екипата на Мајнц.
Даниел Ван Бујтен (35) – Баерн Минхен
Клаудио Пизаро (35) – Баерн Минхен
Рафиња (28) – Баерн Минхен
Роберт Левандовски (25) – Борусија Дортмунд
Себастијан Кел (33) – Борусија Дортмунд
Клеменс Фриц (32) – Шалке
Арон Хант (27) – Вердер
Диего (28) – Волсбург
Ивица Олиќ (34) – Волсбург
Николче Новески (34) – Мајнц
Серија А
Звучни имиња кои може да бидат гратис идното лето во Серија А има најмногу од екипата на Интер, но се работи претежно за ветерани кои малку е веројатно дека на крајот од своите кариери ќе бараат нови предизвици, а тоа најмногу се однесува на Занети кој сигурно дека блескавата кариера ќе ја заврши на „Џузепе Меаца".
Голем интерес сигурно ќе предизвика и името на Пирло за кој веќе се појавија шпекулации дека наредната година ќе го напушти Јувентус, а во лоша форма не е ниту Клосе од Лацио кој пред само неколку дена изјави дека планира да игра уште барем две години.
Андреа Пирло (34) – Јувентус
Мирослав Клосе (35) – Лацио
Игнасио Абате (27) – Милан
Николас Бурдисо (32) – Рома
Давид Пизаро (34) – Фиорентина
Кристијан Киву (33) – Интер
Валтер Самуел (35) – Интер
Хавиер Занети (40) – Интер
Естебјан Камбјасо (33) – Интер
Диего Милито (34) – Интер
Примера Дивизион
Шпанското првенство нема некоја богата понуда на бесплатни играчи за наредната година. Се уште не е познато дали Чаби Алонсо ќе го продолжи договорот со „Кралевите", додека голманот на Барселона Виктор Валдес веќе изјави дека сака да замине во друг клуб.
Виктор Валдес (30) – Барселона
Хозе Мануел Пинто (38) – Барселона
Марк Бартра (22) – Барселона
Мартин Монтоја (22) – Барселона
Чаби Алонсо (32) – Реал Мадрид
Тијаго Мендес (32) – Атлетико Мадрид
Раул Гарсија (27) – Атлетико Мадрид
Даниел Аранзубија (34) – Атлетико Мадрид
Жоан Капдевиља (35) – Еспањол
Елисеу (30) - Малага