Oваа есен ќе се навршат триесет години од Осмата седница на ЦК на Сојузот на комунистите на Србија, која претставуваше конечно разделување помеѓу Слободан Милошевиќ и Иван Стамболиќ. Набрзо ќе се навршат и 27 години од изборите на кои победи ХДЗ на Туѓман. Вака или така, три децении. Премногу и за историјата, а камоли за еден човечки живот.
На овогодинешното доделување Еми, за многумина неочекувано, доминираше дистописката серија правена според роман на Маргарет Атвуд, која победи во пет од категориите. Често означувана како „научна фантастика“, таа е всушност спекулативна фикција, составена од работи кои историски веќе се имаат случено.
Савитири Деви, обожавателка на Хитлер и на ариевскиот мит, од нејзината смрт пред 25 години беше ретко спомнувана. Но благодарение на подемот на екстремната десница, нејзиното име и слики почнаа сè почесто да се појавуваат онлајн.
Новинарот на Њујорк магазин заглавува во една московска гужва точно две коли пред брзата помош чии сирени упорно и подеднакво безуспешно рикаат за некој да и даде предност. На прашање зошто никој не мрда, сопатникот му одговара: затоа што сите знаат дека возачите на Брза помош прават пари на страна нудејќи ВИП возење до аеродром.
База на податоци која успева да се протне низ сите филтри за објавување студии во двата водечки светски медицински журнали (Лансет и Њу Ингланд џурнал оф медисин) и со таа тежина зад себе да ги измени политиките на СЗО (и некои влади) во врска со ковид-19 излезе дека најверојатно е измама и дека треба да се дисквалификува.
Во иднината ако сакаш да имаш работа, ќе треба да бидеш што е можно поразличен од машините: креативен, критичен и социјално вешт. Ако е така, зошто тогаш децата се учат да се однесуваат како машини?
ИСИС од една, Курдите и американско-британски сили во Сирија од друга страна постигнале таен договор кој им дозволил на стотици терористи на ИСИС заедно со своите семејства и оружје да избегаат од Рака. Конвојот испратен под закрила од западните сојузници во Сирија, вклучувал и некои од најозлогласените членови на ИСИС, плус десетици странски борци на џихадистите, објавува Бибиси.
Корпоративната даночна стапка се намалува од 35 на 21 отсто. Семејствата кои заработуваат помалку од 25.000 долари годишно ќе добијат просечно намалување на данокот од 60 долари, додека оние што заработуваат повеќе од 733.000 американски долари ќе платат 51.000 долари помалку.
Пред 7 недели Јужна Кореја и САД имаат ист број на смртни случаи од ковид-19. Денес, Јужна Кореја (на 52 милиона луѓе) има вкупно околу 300 смртни случаи од вирусот, САД имаат над 70.000 смртни случаи од вирусот.
Агрокор и сите профитабилни делови од концернот ќе и припаднат на Русија, а благодарејќи на подредената положба само дополнително ќе се задолжуваме и ќе купуваме тони харинга, евтина вотка и кисели краставици. И затоа, здраствујте и добро потегнете вотка од 2,99 рубљи да загреете коски затоа што не патуваме во Швајцарија, туку во Иркутск преку Белград.
Иднината на вселенската политика ја трасираат повеќемина многу богати индивидуалци, како преку вложување пари, така и преку нивно влијание. Некои од нив ги води научна љубопитност, некои гледаат комерцијален интерес.
Американците си ги допираат мобилните во просек повеќе од 2600 пати дневно. Населението на САД прди околу 3 милиона пати во минута, но лајкува постови на Фејсбук околу 4 милиони пати во минута. Некако сме среќни што нема ваква статистика за Македонија.
Петер Фицек е дел од радикално десничарско движење кое го одрекува постоењето на модерната германска држава. Рахјсбургерите - неговите поданици - имаат свој пасош и свои „ангелски“ пари. Колку и да звучи откачено, сето ова со години функционира, и покрај обидот на властите за растурање на „кралството“.
Иако се чинеше дека новите форми на цензура кои се правдаат со борба против лажни вести првенствено се насочени кон крајната десница, левицата (онаа традиционална, не оваа новата мода на снегулките) со години ја трпи опресијата на алгоритмите.
Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг, Маргарет Атвуд, Франсис Фукујама, Малком Гладвел, Гари Каспаров, Салман Ружди и десетици други либерали активисти, писатели, новинари и професори, потпишаа писмо во кое во бараат ставање крај на „културата на укинување“ што активно ја практикуваат толпите кои се декларираат дека се од нивна.
Наводно и раздвиженоста по модни настани за време на модната недела придонела кон ширење на коронавирусот. Еве ние од зад екран ќе поуживаме, не мораме да учествуваме.
За да се разбере сензационалниот исход на британските избори, човек мора да се запраша едно основно прашање. Што се случува кога лажниот популизам ќе се судри со вистинскиот?
Еден од најголемите спортисти во историјата, Тајгер Вудс е човек за кој може да се сними типичен филм што носат а што земаат славата, моќта и милијардите долари богатство.
За 1. октомври во Каталонија е планиран референдум за отцепување од Шпанија. Што ќе се случува тие денови и како после него ќе живеат Барселона, Еспањол, Жирона и 20 други каталонски клубови - не знае никој.
Кога ќе се спомне Виареџо, прва асоцијација во Македонија се Горан Пандев, Аце Стојков и сјајната генерација млади фудбалери на Беласица која подоцна доби уште неколку понуди да учествува на најголемиот младински турнир во Европа.