Тајгер Вудс - 120 љубовници, развод од 100 милиони и влез во специјалци

Еден од најголемите спортисти во историјата, Тајгер Вудс е човек за кој може да се сними типичен филм што носат а што земаат славата, моќта и милијардите долари богатство.

АПСЕЊЕ

Пред пар месеци, во глува ноќ на Флорида, полицајци забележале на патот како стои Мерцедес со издишани гуми, изгребани браници и скршен заден фар. Моторот бавно работел, едниот од трепкачите бил уклучен а во колата било вклучено и светлото. Зад воланот спиел човек врзан со појасот.

Тој човек бил Тајгер Вудс, најбогатиот спортист на светот.

Откако го разбудиле, полицајците му предложиле стандарден алко-тест. Го натерале да стои на една нога, да оди по права линија неколку метри и да стави прст на врвот од носот (според извештајот лицето не ги сфатило задачите). Во еден момент побарале од него и да ги каже зборовите на американската химна од обратен редослед, како и буквите од англиската азбука.

Сè наликувало на холивудска акција од ’90-те:

На едвај свесниот голфер му ставиле лисици и го однеле во одделението Палм Бич. Голем дел од полицајците биле зачудени од отсуството на никотин и негативниот алкохол тест за приведениот.

Утрото Вудс го објаснил целиот настан, го ослободиле под лична гаранција без плаќање кауција а потоа дал изјава за јавноста:

„Ја разбирам сериозноста на инцидентот и преземам целосна одговорност. Луѓето се должни да знаат дека немало никаков алкохол. Мојата состојба беше таква како резултат на примањето лекови на рецепт. Никогаш не помислував дека овој микс така ќе дејствува на мене.

Сакам да им се извинам на семејството, на пријателите и на навивачите. Исто очекувам од себе да направам се што е во моја моќ да го пребродам ова. Сакам лично да им се заблагодарам и на полицајците за професионализмот“, изјави најдобриот голфер на сите времиња.

Во полицискиот извештај исто забележале: при задржувањето на Вудс тој не можел да објасни каде се наоѓа неговиот дом. Востановено е дека таквите моќни ефекти се предизвикани од четири лекарства: Solarex, Vicodin, Torix и Vioxx - лекарства против болки и таблети за смирување при што последниве го држеле колку толку буден.

ОПЕРАЦИЈА

Зошто му требале такви специфични апчиња па дури и на рецепт? Во последните неколку години телото на Тајгер му произведувало постојани болки така што заспивал се потешко и го пореметил здравиот сон.

Од август 2015 Тајгер не настапувал, но планирал: на крајот наместо на официјалниот турнир минатиот декември, тој играл само со Доналд Трамп.

На крајот на минатата зима се појавил во кратко видео во Дубаи (организаторите му платиле 10 милиони долари да снима), но поради нови грчеви и болки Вудс порано го завршил натпреварувањето. Ова е седми турнир во последните седум години на кои поради нарушено здравје не можел да игра.

Откако дошол со Тајгер од Емиратите, поранешниот лидер на рејтингот Мартин Кајмер рекол дека сите се прашуваат за Вудс:

„Ситуацијата е во ќор-сокак. Од една страна сите сакаат да видат како игра Вудс, а од друга страна апсолутно е точно дека не сакам да го видам како пропаѓа.“

Од 2014-та најдобриот голфист во историјата имал 4 операции на грбот - најсвежата во април годинава која што може да го држи надвор од теренот до есен. И очигледно е дека после секоја операција Тајгер не е истиот играч. Притоа имал повреда на коленото, на зглобот...

„Не сакав да одам на уште една операција. Се обидовме преку сите расположливи и достапни конзервативни методи, но ништо не помогна. Имав добри денови, но и денови со силни болки да не можам да легнам. По консултациите со специјалистите, отидов во Тексас на операција“, вели Вудс.

Денес Тајгер Вудс, којшто беше прв на светската ранг листа рекордни 683 недели (281 недела по ред исто рекордни), првпат испаднал од топ-1000 играчи на светот. Вудс има 80 победи на главниот Тур, 14 „мејџори“ (повеќе од него само Џек Никлаус - 18), но на последниот му се радувал дури пред цели 9 години.

НЕВЕРСТВО

Суперголфистот Вуд не го скршија толку повредите. Крахот на неговата репутација, кариера и семејство настапил многу порано.

Некаде во есента 2009-та полицијата дошла на лице место на некоја чудна сообраќајна незгода: апсолутно трезен, без капка алкохол во него, Тајгер управувал со нов џип, срушил ограда кај соседите, турнал хидрант и завршил во дрво. Задното стакло од џипот го скршила жена му Елин Нордегрен која шту му помагала да излезе.

Полицајците кои немале јасно објаснување за незгодата, го казниле Тајгер 164 долари за невнимателно возење а него го префрлиле во болница.

Ден подоцна сфатил: Елин, која што му родила две деца дознала за неверството и во домот избил скандал. Таа дознала за многу настани од претходните месеци. Новинарите објавиле приказна со девојка која тврдела за врската со Вудс и покажала говорна порака во која се слушаат детали за оргија со 15 проститутки.

СУД И МЕДИУМСКА ХАЈКА

Тајгер имал неколку десетина љубовници а новинарите со помалку или повеќе цврсти докази стигнале до бројката од 120.

„Јас сум човек, не сум совршен. Јас не бев верен маж. Ја изневерував жена ми. Моето однесување е неприфатливо. Многу ја повредив жена ми, децата, мајка ми, родителите на жена ми, ја извалкав својата хуманитарна фондација, ги разочарав луѓето коишто во мене бараа пример“, искрено се исповедал Тајгер по целата драма.

Вудс тогаш привремено ја прекина кариерата со цел ако може да го задржи семејството и да го спаси бракот. Елин не останала долго со него и поставила еден услов: забрана за гледање со децата додека не пораснат - ќерката тогаш имала 2 години а синот помалку од 1 година.

Следната пролет Тајгер се вратил во голфот а во август објавил за развод. Елин добила право на децата и добила 100 милиони долари обештетување (барала 750 милиони).

„Јас поминав низ пеколот. Го изгубив сонот, изгубив тежина, косата ми опадна, бев под голем стрес. Неверството не е доволно силен збор да опише што се случи“, рекла таа.

Медиумите не го штеделе, и нападот го изведувале на право место. На еден од турнирите Вудс ги нарушил правилата, внел топче на погрешно место па New York Post излегол со наслов: „Тајгер повторно става во погрешна дупка“.

Набрзо после скандалот со него договор раскинале Gillette и Gatorade кои продолжиле да соработуваат само со неговата фондација. Тогаш загубил неколку десетици милиони долари. Вудс објаснувал и дека во неговото однесување голема улога имал и односот меѓу татко му и мајка му кои не живееле во слога но не се развеле.

СПЕЦИЈАЛЕЦ ВО АРМИЈА

Ерл Вудс, специјалец, ветеран од виетнамската војна умрел од рак во 2006-та. Загубата на својот татко многу го погодила Тајгер.

Многу ја сакал армијата и едно време дури и тренирал со специјалците SEAL, елитна единица која во 2011-та го уби Бин Ладен. И покрај сите неволји, Тајгер Вудс од јуни 2016 до јуни 2017 заработил повеќе од 37 милиони долари и дошол на 17. место на ранг-листата.

Неговото богатство е проценето на 1,65 милијарди долари со што е вториот најбогат спортист во историјата (не многу зад Мајкл Џордан). Околу 10% од оваа сума Тајгер ја заработил од реклами и други хонорари.

Неодамна тој ја напушил рехабилитационата клиника каде две недели се лекувал од зависност од апчиња. Тој сега планирал да отвори сопствен рехабилитациски центар и сметал дека е способен да го контролира сопственото здравје. За таква силна инвестиција нема финансиски проблеми.

21 јули 2017 - 11:12