Снимил интервју со Мајкл Џордан, но и со Дејвид Штерн, привлилегија која ја немал друг македонски новинар. Па дури и седел на маса со луѓе од менаџерската агенција на Џордан за да разговара за трансфер за Пеце Наумовски. Да е само тоа. Тек да чуете што се случило кога му ги дал лентите од поразот на Реал Мадрид од МЗТ, директно на Жељко Обрадовиќ в раце.
За 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, ќе потсетиме на едно кусо сведоштво на легендарниот Ивко Панговски кој коментирал меч на кој повеќе имало плачење, отколку навивање.
Додека оди ЗОИ во Пекинг, ни текна на една ексклузива која ја дознавме за ЗОИ Сараево 1984. Ја имаме споделено еднаш, ама ваква сторија не е за еднаш. Да не знаете некој друг наш новинар кој седел на маса со легендарниот холивудски актер и снимил интервју долго 4 и пол часа?
Приказната за скопскиот и македонски бренд е раскажана благодарение на тв Арена, јер кај нашиве телевизии се нема простор за една ваква спортска содржина, туку за хронично гњавење со политички дебати. Имаме одлично историско фудбалско четиво, богато со славни соговорници.
На 56 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ќе се потсетиме на најтешкиот и најтажниот фудбалски натпревар на кој повеќе се слушало плачење отколку навивање.
Од материјалите на легендарниот Ивко Панговски кој почина вчера на 88 години имаме и нешто необјавено. Тоа е всушност негово истражување за создавањето на македонскиот фудбал и сè она што следувало и ќе остане запишано како фудбалска историографија. Од првата топка до првата спортска новинарка.
Ако некој човек од спортот најмногу нè импресионирал со збир од знаење, стаж, меморија, анегдоти, па и хумор тоа дефинитивно е Ивко Панговски. Човекот кој го има во три енциклопедии. Човекот кој знаеше повеќе од Гугл. Човекот кој пиеше виски со Кирк Даглас. Човекот со кој беше прекусо правењето интервју два дена по три часа.
Една од најголемите легенди на Црвена Ѕвезда и југословенскиот фудбал почина синоќа во Белград на 81 годишна возраст. Имаме јака приказна за него, која од Вардар наеднаш се префрла на славниот Шеки за кого сонувале и во Серија А.
На 53 годишнината од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ќе ве потсетиме на еден од незаборавните и најтешките преноси кој го вршел доајенот на радио репортерството, Ивко Панговски.
Немаме инфо колку нашинци успеале да ја запознаат фудбалската величина која почина пред два дена, но знаеме дека Перула Костовски кој живееше во населба Козле му судеше во финалето на Лигата на шампиони. Фотографии од него ни даде Ивко Панговски.
Ќе ви раскаже чичко Ивко, во најновата шеста епизода од нашиот човек-енциклопедија за историски спортски приказни и анегдоти од минатото. Договорот паднал во просториите на Милан, каде Италијанците за засилување барале една легенда од Штип.
Скопската Гуецова дружина играла мал фудбал во Скопје околу 50 години. Кога по еден натпревар Атанас ги оставил другарите без топла вода, му дошле дома да му бараат топла ракија за да не настинат, а тој им барал по 20 денари за чашка.
Фудбалскиот работник од Куманово со помош на фудбалот спасил жива глава за време на Втората светска војна. Следната приказна на Панговски е од поново време и се однесува на негов колега од Штип кој известувал од соблекувална.
Анегдотите од коментаторската радио легенда ги продолжуваме со случка од Куманово за време на Втората светска војна кога познат фудбалски работник во последен момент успеал да се извлече.
Следната легендарна приказна на Ивко Панговски кој ни ја раскажа се однесува на една историска скопска рекреативна дружба на која учествувал и тој и за која вели дека за малку ќе влезела во Гинисовата книга на рекорди.
Ако не прочитавте како доајенот на спортското коментирање глумел дека е глувонем за да не го истепаат и како Сељо направил трансфер заедно со кравата, тоа го имате во вториот дел од интервјуто на Панговски. Анегдотите ги продолжуваме со три случки од неговата архива.
За да ја прочитате втората задолжителна лектира од легендарниот коментатор Ивко Панговски добро е прво да почнете со првата. Човекот кој добил две плати награда за интервјуто со Кирк Даглас, за шоуто кое го направил на Радио Сараево добил уште една. Ни раскажа и за еден трансфер во ФК Граѓански во кој бил вклучена и крава.
За Ивко Панговски велат дека е коментатор со најмногу постигнати голови поради неговиот коментар по кој е најпрепознатлив: Гол, гол...не е гол. Ни го извади листот со составот на екипите од првиот пренос кој одел на Радио Скопје во 1946-та и од првото годишно собрание на ФСМ. Тоа што тој го има по фиоки, го нема на интернет.
За првата радио станица на неговото детство - радио Скопје - гласовите на Никола Бадев и Нина Спирова, за македонското Л, и за судбината на еден славен скопски жител, раскажана низ личен ракурс. Синан Гуџевиќ, исто како и Зорба, слободен човек.
Радиофоничниот глас на Калински ќе оди во етер уште две и пол години. Би сакал да коментира со уште тројца вардарови легенди, по дома гледа снукер, а зад себе има и одбојкарска кариера која била пресудна за првиот пренос во кариерата.
Кога ќе стигнете на Вембли, одма се осеќа духот кој овој стадион го има. Како да знаеш дека влагаш на место кое има историја од 100 години неверојатни утакмици. Сум акал по многу стадиони у светов, ама ретко да осетиш таква енергија како овде.