Во пролетта 1989 година поделени во две групи во дождливо време играа членовите на Гуецовата дружина. Вообичаено доаѓаше до меѓусебно карање што ги креваше тензиите на натпреварите, а на еден од нив под чадор беа над 2.000 гледачи. Најмногу се викаше по Атанас Петровски – Тоска дека спие на голот, дека бил поткупен да прима ефтини голови бидејќи противниците му донеле чевли за поправка. Тоска долго време ги толелираше навредите се додека не им се развика и на едните и на другите и си замина во кабина. Откако се искапе, на излегување поради освета, од бојлерите ја испушти целата топла вода. Кога неговите другари по завршувањето на средбата дојдоа во кабината и сакаа да се тушираат почнаа да викаат: „нема топла вода“.
Набрзина се замиле и со своите автомобили се упатила во куќата на Тоска. Од далеку свиера, а кога дојдоа на влезот силно зачукаа на вратата. Се појави неговата сопруга кога ги замоли да бидат тивки бидејќи нејзиниот сопруг се одмора. Набргу и тој се појави и праша што барате. Методија Саздовски Гуец прв му реплицираше: „Тебе те бараме. Како не ти беше срам и жал што не остави без топла вода“? Тоска негираше дека такво нешто сторил се додека во смеа не им одговори: „А каде ви беше срамот на вас мене како најстар со такви зборови да ме нарекувате“? Дај пушти не во куќата му дофрлија другарите и речи ѝ на сопругата да свари топла ракија инаку ќе се разболиме. Гуец беше појасен: „Веќе сме болни, камо среќа ти да бидеш болен па да ти држам говор“. Еве пред да ве пуштам дома да ви кажам дел од говорот што го подготвувам за Гуец: „Драги Гуец ти отиде на оној свет, ама никогаш нема да се вратиш на овој свет“. Е Тоска прекина Гуец, ти си големо ѓубре. Јас ѓубре? Му одговорил Тоска, ајде сега соблечете ги чевлите влезете во куќата, секој чај ќе го платите по 10 динари, а топлата ракија по 20.
Другарите влегоа во големата соба и откако испразниле по неколку чаши топла ракија во релаксирана атмосфера ги закопале секирите и запеале познати македонски песни кои останаа забележани во меморијата на многубројните присутни на оваа фудбалска дружина.
За луѓето од Гуецовата дружина имате тука.