Штипскиот новинар и радио репортер Киро Манев во новинарските кругови е познат по тоа што знае да го распрета и распламти проблемот за кој пишува или зборува пред микрофонот најчесто на Радио Штип. Тој остани невиден напис во историјата на македонскиот фудбал. Почесно место му припаѓа на директниот радио пренос во живо што во второто полувреме во 2004 година го вршеше од соблекувалната на Брегалница од Штип која тој ден гостуваше во Ресен на домашната екипа Братство.
Кога во соблекувалната влегла поголема група ресенски хулигани репортерот без страв за својот живот не испуштајќи го микрофонот од раката пред тепачите зборувал за нивната бруталност. Тој најавтентично ја пренесувал атмосферата дека на штипските фудбалери им се загрозени животите и безброј пати побарал помош од полицијата. Неговите повици го кренале целиот Штип на нозе, а штипските врвни функционери власта и партијата ја алармирале Охридската и Ресенската полиција која за рекордно време влегла во кабината и ги уапсила хулиганите.
Откако се смирила атмосферата и на теренот била обезбедена безбедноста, по укажаната лекарска помош на повредените се одиграло второто полувреме во релаксирана атмосфера, а нерешениот резултат 1:1, подеднакво им дојде добро на две екипи кои сепак не седнаа на заедничка вечера што домаќините ја организирале како знак на помирување.
Овој несекојдневен подвиг секако единствен во фудбалската историја на Македонија беше одбележан со прогласување на Киро Манев за новинар на годината бидејќи успеа во исклучителни услови во кои не само фудбалерите, туку и нему му беше загрозен животот преку брановата должина на Радио Штип, да ја пренесе несекојдневната тепачка во жешката соблекувална на фудбалскиот терен во Ресен.
ЗОШТО БУГАРСКИ АГЕНТИ УАПСИЛЕ ИГРАЧ НА СРЕДБАТА МАКЕДОНИЈА - ЛЕВСКИ