Белгиската влада ќе интервенира во случаи кога проститутките премногу често ќе одбиваат секс. Новиот закон регулира и подобрува многу аспекти од работата на сексуалните работнички но и овој погоре - ако веќе се работнички, треба да се работи.
Во објектите во кои ќе бидат сместени спортистите за Олимписките игри во Париз пристигнале анти-секс креветите (користени и на ОИ во Јапонија 2020 година), чиј дизајн треба да ги одвратат Олимпјците од идејата и тие да го паметат Париз како „град на љубовта.“ Исклучително се мали и двокомпонентни, да не можат да се спикаат двајца во еден кревет, а велат и дека се направени да се срушат под тежина на двајца луѓе. Ама, не е важно да се победи, важно е да се проба.
На почетокот на 1920-тите мал крајбрежен град во Сасекс бил потресен од скандал кој вклучувал стотици анонимно испраќани писма со содржина која е малку да се нарече „мрсна“. Сега нов филм инспириран од овој настан ја открива вистинската приказна. Или барем нешто блиску до неа.
Била објавена под псевдоним, но зад книгата стоеле 24 новинари од списанието „Њусдеј“. Иако целта била да се исмеат книгите од жанрот романса и еротика, ефектот барем некое време бил тотално спротивен - книгата се продавала како алва, дури и откако самите новинари признале дека станува збор за зафрканција.
Како и за многу претходни, така и за претстојните Летни Олимписки Игри 2024 во Париз, организаторите решиле да спремат и поделат околу 300.000 презервативи за учесниците кои ќе бидат сместени во олимпиското село.
Кортни Кардашијан сподели статија за „автосексуалност“ - кога те возбудува сопствениот еротизам - и со тоа се прогласи за автосексуална. А по природа, изгледа сите сме на спектарот.
Има така облачни денови кога нè огрева зрак сонце од тотално банално, но крајно откачено откритие. На пример, дека постои книга со 3000 кастинг кредити на кои вообичаено никој не им обрнува внимание, скриени некаде на крајот од филмските шпици.
Алекс Сорос за Св. Валентин објави заедничка фотографија од Париз со една од најблиските долгогодишни соработнички и советнички на Хилари Клинтон, Хума Абедин, некогашната сопруга на посрамениот демократкски конгресмен Ентони Винер, кој несакајќи стана еден од виновниците за поразот на Хилари на изборите 2016.
Постојат херои кои сите ги знаеме но и херои кои допрва треба да се препознаат. Таков е гитаристот на MC5, еден од најважните рокенрол бендови на сите времиња, Вејн Крамер (1948 – 2024). Нејасно е како таква величина остана на маргините сè додека Том Морело од Рејџ не почна да зборува колку му значел нему и на групата.
Добар манифест на професорот Сем Вакнин за глупите (и јако глупите) луѓе чие време допрва доаѓа од неколку причини: бидејќи послабо ги проценуваат ризиците, спремни се да го преземат светот, без страв од последиците на нивните дела. А и почесто имаат секс од паметните па бројно се зaсилуваат. На крај, единствената паметна работа која ќе ја имаме во својата околина ќе ни биде телфонот.
Лиза Мари Присли била бесна откако го видела филмот на Софија Копола, кој го прикажува животот на нејзииното семејство. Вистинските ликови зад драмата „Мај декември“ исто така немале баш пофални зборови за истиот. Иако се готов извор на супер приказни, биографиите знаат да бидат ризични за екранизација.
Ако ви е малку преку глава од еуфорија, или едноставно отсекогаш сте сакале да се сокриете под ќебе додека сите пазарат подароци и планираат дочек, има и за вас филмови.
Во периодот Едо во Јапонија била вообичаена (дури и неопходна како животна фаза) родова меѓу-позиција за млади мажи, наречена „вакашу“, која по вестернизацијата на земјата исчезнала.
Добивам подбрадок како на мисирка и лицето не ми е убаво како некогаш, вели во интервју за Гардијан никогаш убавиот Шејн МекГауен, кој, сепак, би сакал да биде глумен од - Леонардо Ди Каприо. Лошо спие, не му е гајле како ќе биде запамтен ама нејќе кога од публика ќе му добацат дека е дебел.
Многу придобивки има од тоа што општеството разви потранспарентна и побесрамна врска со сексот. Секако значи прогрес кога она што се случува во нечија спална повеќе не е прашање на јавен морал. Но дали се само придобивки? Супер е што сега геј-врските не се билет во еден правец за затвор, и што луѓето веќе не им судат на мажите и жените што се впуштаат во секс без обврски. Но дека има негативни страни - има.
Заврши долгата или предолгата сага за случајот со секс снимката на Валбуена, поради која Карим Бензема пет години беше суспендиран од француската репрезентација.
Деца и на возраст од 11 години своето сексуално образование го добиваат по сопствена програма и тоа од порнографија, предупредуваат експертите за сексуално здравје. Тие објаснуваат дека како резултат на ова се повеќе млади сметаат „дека сексот треба да биде насилен“.
Ние уште не знаеме, ама Спајкд, кои многу често имаат легитимни аргументи кога нешто е ѓубре, за новата книга на Емили Ратајковски „Моето тело“ велат дека е „плитка, солипсистичка и посамобендисана од тинејџерски дневник.“