Судот во Версај го прогласи Бензема виновен за соучесништво околу секс снимката на поранешниот репрезентативен колега Матје Валбуена и го осуди на условна затворска казна од една година, како и парична од 75.000 евра.
Обвинителството тврди дека Бензема го охрабрил Валбуена да плати група на уценувачи за да не му ги објават снимките со експлицитна содржина.
Тој бил посредник меѓу Валбуена и криминалните кои се обиделе да извлечат пари, а според судот, напаѓачот на Реал Мадрид бил вмешан, но не ја знаел целата позадина на скандалот.
Бензема денеска не се појави на суд, но отсекогаш негираше било каква вмешаност, а поради оваа афера прв пат заигра за Франција дури ова лето на Европското, после пауза од пет години.
Тој вечерва има настап во Лига на шампиони со Реал Мадрид на гости против Шериф Тираспол.