Мојата вечер кај Мод (1969)
Строгиот католик Жан Луи Тринтињан се сели во нов град и запознава млада жена во црква. Без да ја познава, се заветува дека ќе ја направи негова жена. После случајна средба, ја поминува вечерта со енигматичната Мод, сензуална и храбра разведена жена што е закана по неговите ригидни морални принципи. Енигматична жена од ’69 и рушење на строги католички принципи за Божиќ? Па, јес!
Sвонче, книга и свеќа (1958)
„Животот е прекрасен“ може му е најпознат празничен филм на Џими Стјуарт, но не му е најдобар кога веќе не си расположен за гледање нешто весело. Романтичната комедија „Sвонче, книга и свеќа“ е за модерна вештерка (Ким Новак) и нејзиниот сосед (Џејмс Стјуарт) и нејзините обиди да се отараси од неговата свршеничка. Сниман е од њујоршкиот стан на Ким Новак и еден впечатлив ноќен клуб во Гринич Вилиџ, меѓу другото, и се работи за шармантна љубовна приказна. И визуелно е привлечен.
Црн Божиќ (1974)
Боб Кларк, режисерот и на овој и на „Божиќна песна“ од 1983 веројатно има интересни, ако не и конфликтни идеи за празниците. „Црн Божиќ“ е празничен хорор каде непознат човек тероризира сестринска куќа со страшни телефонски повици и убивајќи девојки една по една. На она што Карпентер го направи популарно како концепт - последната жива девојка, „Црн Божиќ“ придонесува со протагонистката Џес (и Карпентер го обожава филмот, па вие видете).
Очи широко затворени (1999)
Последниве години „Очи широко затворени“ на Кубрик стана језив, култен празничен класик и има добра причина за тоа: светкаат црвено-зелени сијалички на секој ќош, преплавено е со играчки, па тешко е да се каже друг наслов што прави празниците да изгледаат така опресивно и консумеристички. Филмот го следи Др. Бил Хартфорд, откако неговата сопруга Алис признава дека има сексуални фантазии за друг човек. Бидејќи машкоста му е загорзена, Бил се опседнува со барање сопствена секс-авантура. Врие од елки, а отсуството на спиритуалните аспекти на празниците служи како паралела за неговиот трансакционален, на пари ориентиран начин на живот.