Путин ја почнува војната со прогласена независност на Луганск и Донецк, па дури потоа решава истите тие, со уште две други области од Украина да ги припои кон Русија, и тоа нема врска со империјализам, тврди за Њујоркер професорот Џон Мершајмер.
Њујорк Тајмс упорно одбива да сфати зошто Трамп сè уште постои на сцената па смета дека на луѓето не им е доволно јасно дека тој е булшит. Мат Таиби уште поупорно им плеснува: Знаат тие дека Трамп е булшит, ама знаат и дека вие сте бетер од него.
Филмот, кој на едно место собира куп ѕвезди, од Кристијан Бејл, преку Марго Роби и Крис Рок до Роберт де Ниро, на моменти делува како залудно да ги троши нивните потенцијали создавајќи конфузна приказна, која се расчистува дури при крајот. Тогаш се разјаснува и написот на самиот почеток - „голем дел од ова навистина се има случено“.
За време на пандемијата во Европа се пропуштени 100 милиони проверки за рак, од кои веројатно 1 милион би завршиле со дијагностицирање на болеста, заради што континентот се соочува со „епидемија на рак“.
Од првичните ставови околу паднатите ракети на Полска територија се откажаа сите лидери во анти-руската коалиција, освен Зеленски, кој останува верзијата дека се руски ракети. И тоа упорно.
Полесно е да ве убедиме дека Адам бил направен од кал а Ева од ребро, ама елате да прочитате што вика еден угледен професор од Принстон. Дека ок, локално сме топчести, ама затоа глобално, сè во овој универзум ни е рамно, да порамно (речиси) не може да биде.
На денот на пукањето, Ејми Бишоп држела предавања по анатомија и невронаука. Еден од студентите изјавил дека изгледала „совршено нормална“. По само неколку часа, извадила пиштол среде состанок со колегите, пукала во шестмина и убила тројца. Иако најпрвин изгледало дека таа не се вклопува во профилот на масовен убиец, подоцна искрснале и дотогаш непознати информации.
На пример, затворот Халден (максимално обезбеден) ги охрабрува чуварите да се дружат со затворениците, со спортови, јадење заедно и други активности. Целта е да се спречи агресија од двете страни и да се создаде чувство на фамилија.
Нови материјали обелоденуваат дека ФБИ, заедно со администрацијата на Обама и моќни фигури од естаблишментот на Вашингтон, се имаат намерачено да му го загорчат животот на Трамп уште кога беше само кандидат за станар на Белата куќа. Се сеќавате на фамозното „руско досие“? Ништо од тоа.
Извештајот од истрагата на комисијата на американскиот Сенат заклучува дека ковид-19 вирусот „е поверојатно, отколку што не е“ дека е протечен од лабораторија.
Начинот некој да биде осуден за кривично дело се разликува од држава до држава. Но во голем број контексти последниот збор го има порота, која се состои од 12 „обични“ луѓе кои се практично судии, дури и во најсериозни случаи. Тие, по излагањата на обвинителството и на одбраната, треба да одговорат на едно едноставно прашање: дали Х е виновен или не. Во еден ваков случај била потребна консултација со оностраното.
Денес од петни жили медиумите се обидуваат да измислат скандал, но притоа ниту една фикција не може да им парира на вистински скандалозните приказни за кои никој не зборува. И оваа би останала тајна, да не било едно убиство.
Младиот шахист Ханс Ниман вели дека животот, репутацијата и кариерата му се упропастени откако шаховскиот крал Магнус Карлсен и неговите влијателни шаховски сојузници го обвинија за мамење во една победа над шахистот број еден. Претходната шаховска афера се викаше Тоалетгејт, во оваа пак, се замешаа и анални топчиња.
Во таа склеротична партија веќе нема место за слободномислечки луѓе, пишува Брендан О’Нил за одлуката на Тулси Габард да ја напушти нејзината матична партија. Таа долго ѝ бодеше очи на бањатата елита со богохулења од типот - во женски спортови треба да учествуваат само жени. Ма, свашта! Ја имаме Тулси и на подкаст кај Роган.
Репортерскиот ветеран Џереми Бауен праќа извештај од борбените линии на Украина. Залегнат е, под жесток оган, ризикувајќи го својот живот, за објективно да ги информира своите гледачи што таму се случува. Во позадина има една домаќинка со зембиљ која ја упропастува драматиката на ситуацијата. Јаз'к.
Откако под лупа на јавноста дојде чудната блискост и директните контакти меѓу главниот човек на Фајзер и Урсула фон дер Лејен од ЕК (пред да биде потпишан милијарди долари вредниот договор за вакцини за ЕУ), шефот на Фајзер/Бионтек реши да се повлече од закажаното сведочење пред ковид панел на Европскиот парламент.
Добра приказна за тоа како американските власти притискаа социјални платформи да цензурираат содржини и да елиминираат луѓе од нив. За рајата да добие претстава дека постои „научен консензус“ околу карантините, вакцините или маските, беше потребно од радарот на јавноста да ги снема научниците кои мислат поинаку. Чиста работа.