И Норвешка е друга планета

На пример, затворот Халден (максимално обезбеден) ги охрабрува чуварите да се дружат со затворениците, со спортови, јадење заедно и други активности. Целта е да се спречи агресија од двете страни и да се создаде чувство на фамилија.

1. За новите книги:
Кога ќе се објави книга во Норвешка, мора да помине контрола на квалитет, по што 1000 примероци (1550 ако е детска) се дистрибуираат по библиотеките ширум земјата. Ова не само што ги поддржува издавачите, туку им помага и на писателите што почнуваат кариера. Не само тоа - книгите се исклучени од данокот на додадена вредност.

2. Замисли имаш фонд на располагање и не го трошиш на ГЛУПОСТИ:
Иако нафтениот фонд на Норвешка е над 1 трилион долари, трошат само 3% годишно, затоа што штедат пари за следната генерација.

3. Sирнете авионски карти:
Свалбард е една од најуникатните области на светот - главно затоа што е единствено место каде што не ти треба виза за да живееш. Ова значи дека секој може да работи и да живее на архипелагот, без разлика на државјанството.

4. Замислете го ова кај нас:
За да научи повеќе за мислењето на гласачите, норвешкиот премиер Јенс Столтенберг тајно работел како таксист во 2013.

5. ...
Затворот Халден (максимално обезбеден) ги охрабрува чуварите да се дружат со затворениците, со спортови, јадење заедно и други активности. Целта е да се спречи агресија од двете страни и да се создаде чувство на фамилија.

6. А бе!
Приходот на најбогатите Норвежани е јавна информација за да им биде потешко да избегнуваат даноци.

7. Ние не сме така строги со такви небитни работи:
Од 2007, Осло има најстроги правила за рекламирање во светот. Производителите на автомобили не смеат да користат зборови како „зелено“ или „чисто“, бидејќи автомобилите не прават ништо добро за околината.

8. А бе, еј!
Во 2006, Норвешкиот апелационен суд има пресудено дека стриптизот е форма на уметност и се е ослободен од ДДВ.

9. „Што правиш? -Гледам телевизија.“
Во 2009, норвешкиот национален сервис емитувал 7-часовен сегмент од патување со воз од Берген до Осло. Оттогаш, овој тип на навидум досадни програми стануваат сѐ попопуларни - 12 часа плетење, 60 часа хорско пеење и слични емисии.

10. Да не биде дека немаат:
Меѓу 1956 и 1958, Норвежаните имале национален бренд автомобили наречени Трол. Само 5 биле направени и сега се по музеи.

Од други планети:

35 докази дека Јапонците се од некоја друга (попријатна) планета

4 ноември 2022 - 10:37