- На 20 октомври, Кевин Спејси го порази на суд човекот што го обвини за сексуална злоупотреба, откако поратата заклучи дека немало доволно докази.
- Ентони Рап, уште од кога беше тазе #MeToo се појави со трдење дека кога имал 14 години, Кевин Спејси се качил врз него во спална и го притиснал со долниот дел од телото, додека овој не успеал да се ослободи.
- Спејси го отфрли ова, рече дека никогаш не бил на само со Рап и праша како би можело тоа да се случи, кога во периодот за кој тврди Рап дека се случил нападот во спална, Спејси живеел во еднособен стан.
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.