Ракометарките на Вардар ја оправдаа фаворитската улога против Хипо 37:25 (15:14), и се пласираа во главната фаза на ЛШ, каде за противник ќе ги имаат Будуќност, Букурешт и шведскиот Савехоф.
Ракометарките на Вардар со убедливи 25-15 го победија данскиот шампион Митјиланд и обезбедија пласман во следната фаза каде ќе префрлат четири бодови освоени во дуелите со денешниот противник.
Ракометарките на Вардар попладнево стигнаа до втората победа во Лигата на шампионите, откако во Јане Сандански убедливо триумфираа против данскиот шампион Митјиланд 33:24 (16:8)
Тренерот на Вардар, Данецот Јан Питлик 15 години беше селектор на Данска и одлично ги познава ракометарките кои во недела ќе му гостуваат на Вардар во Скопје.
На 24. јули 2004 година во натпревар од Интертото купот играа Вардар и Шалке 04. Пред мечот група навивачи на Вардар се спријателија со гостите од Германија и веќе 11 години трае нивното пријателство. Комити секоја година одат на неколку натпревари на Шалке, а имаат и што да видат во Гелзенкирхен.
Арсенал и Тотенхем не одат заедно, исто како Лацио и Рома, Реал и Атлетико, Ѕвезда и Партизан, Милан и Интер. Така што овој навивач ќе треба многу да се објаснува ако наиде на група навивачи на Арсенал или Тотенхем.
Во обид да стигне до третото квалификациско коло, Вардар ќе мора да го помине најтрофејниот кипарски клуб кој пред четири години стигна дури до четвртфиналето од Лигата на шампионите.
Ракометарките на Вардар и втора година по ред не успеаа да се пласираат во финалето на Лигата на шампионите. Во таа намера ги спречи црногорскиот претставник Будуќност кој како и лани ги надигра црвено-црните во секој сегмент. Скопјанки за бронзата ќе се борат со Динамо Синара.
Денешната ждрепка на Универзитетот Мохоли-Наѓ во Будимпешта на Вардар му го донесе апсолутниот шампион на Црна Гора, екипа против која Индира Кастратовиќ и црвено-црните девојки се измачија и лани и сезонава.
Осум години Ѓер игра во полуфиналето на Лигата на шампионите, има четири финалиња и две титули. Сепак бројките не важат во Јане Сандански, каде ракометарките на Вардар вечерва го скротија актуелниот европски првак 24:18. Реваншот е за седум дена во Унгарија.
Ракометарките на Вардар во сабота во својот дом „Јане Сандански“ го пречекуваат унгарски Ѓер, во првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите. Кастратовиќ, Радичевиќ и Лекиќ согласни дека веќе нема поправен испит и дека Унгарките мора да загубат пред полна сала.
Во последното коло од групната фаза, ракометарките на Вардар го совладаа тимот на Динамо Синара 28:27. Амандин Лејно со дури 14 одбрани беше најзаслужна за триумфот на црвено-црните, кои во четвртфиналето ќе играат против унгарскиот Ѓер.
Во последното коло од втората фаза по групи во ЛШ, ракометарките на Вардар во сабота го пречекуваат составот на Динамо Синара oд кој убедливо зaгубијa нa првиот меч 33:25.
Ракометарките на Вардар го претрпеа најтешкиот пораз во Лигата на шампионите сезонава, 33:25 (15:12). Динамо Волгоград беше убедливо подобар од црвено-црните кои имаа преголем број на неизнудени грешки и промашени зицери.
Градинка во Карпош некаде кон крајот на 1996-та. Дечурлана 4-5 години, собрани да пеат нешто. Воспитувачката додека да ги собере, они имаат штимунг проба на сопствена, тогаш една од најмачните, скопски теми. Напред Вардар!
Неочекувано лесно и убедливо Вардар го совлада словенечкиот Крим 41:30 во продолжението од групната фаза на ЛШ. Најзаслужни за првите бодови во ТОП12 фазата беа Јованка Радичевиќ со осум погодоци и Лекиќ и Дембеле со по шест голови.
Ракометарките на Вардар во сабота играат исклучително важен натпревар во групната фаза од ЛШ. Во Скопје гостува традиционално незгодниот Крим од Љубљана, за кој играат довчерашната вардарка Алисон Пино и Мирјета Бајрамовска.