Голем број фудбалери минуваат трнлив пат за да стигнат до врвот, но она низ што поминал Кристијан Карамбе сигурно дека е приказна за долгометражен филм кој би имал рекордна гледаност. Еве и зошто.
Вечерва во Дортмунд се сруши неверојатниот рекорд по постигнати голови на меч од ЛШ. Борусија и Легија одиграа 8:4 и ја надминаа голеадата од мечот Монако - Депортиво во 2003-та.
Клубот во кој дојде исплашен со насолзени очи, а го напушти како најдобар фудбалер на светот засекогаш ќе биде дел од Кристијано Роналдо. Учел од ветераните Сколс и Бат, а Фердинанд го спасил да не јаде ќотек од Ван Нистелрој зашто не му подавал пред гол.
Аркадиуш Милик кој Наполи го купи како замена за Гонзало Игуаин за 35 милиони евра, даде два гола против Болоња во саботата (3:1). Тоа беше негов трет дубл од почетокот на сезоната и причина да го истражиме неговиот фудбалски пат.
Кога најдобриот романски фудбалер во историјата поради разни околности беше на излезна врата од Реал Мадрид во 1992 година, реши да се пресели во Бреша и да стане клучен играч во романската револуција на Мирчеа Луческу.
Малку е познато дека мајката на Кристијано сакала да абортира со него, но лекарот одбил да го стори тоа и на 5. февруари ’85-та се родил Кристијано Роналдо кој уште на 16 години заработувал и го издржувал семејството.
Кога дошол од сиромашниот дел на Камерун во Лион, не знаел да плива и седел во малиот базен, учел да вози точак со еден од соиграчите од детството, но на теренот со пожртвуваност и храброст заслужи да стане нов фудбалер на еден од најголемите светски клубови.
Како мал големите француски клубови го одбивале со изговор дека „е низок и дека е слаб по конституција“, а прв кој го забележал неговиот талент бил еден француски скаут од Реал Сосиедад. Сестра му била на концертот во Батаклан каде Исис уби 90 луѓе.
Во еден од поинтересните дуели на ЕП, Англија го совлада Велс 2:1, а мечот го одбележи голот на Бејл од слободен удар со што стана првиот играч од 1992. година кој дал два гола од слободен на едно Европско.
Со стручни лица, нови академии, преоѓање на нови методи и многу трпение Белгија стана прва на ФИФА ранг листата иако во минатото пропушти дури пет големи натпреварувања по ред. Ова е сторија за развојот на младите фудбалери во оваа земја.
Еден час пред мечот Шпанија - Турција, најгласни околу и на стадионот биле само турските навивачи. Во 48-та минута од мечот грмеа само Шпанците, благодарение на нивниот нов суперхерој.
Откако дознавме за голманот на Велс кој е меѓу најдобрите уметници на оваа земја, сега се запознаваме со чуварот на мрежата на Исланд чија првична професија не е фудбалската, туку режија на играни филмови.
Неговиот пргав карактер бил видлив уште во младоста. За првиот гол во Кан добил ново Рено од претседателот, а најмногу се радувал кога одел во алжирските села каде што растел со браќата и сестра му.
За десетте најталентирани играчи кои ќе патуваат на ЕП во Франција, широката фудбалска јавност знае малку. Тие сега имаат прилика, за еден месец надалеку да се слушне за нив.
До ЕП 2016 останаа уште 44 дена, а тоа значи дека колекционерите на сликички Panini почнуваат со традиционалното полнење на албумот за таа прилика. Целата сторија тргнува од еден милански подрум.
Беше спортски директор на Реал Мадрид, ги однесе Ето и Роберто Карлос во Анжи, тргна на Сицилија да стане потпретседател на Палермо но се замериле со Маурицио Ѕампарини и се вратил во Валенсија каде живее веќе повеќе од 20 години.