Малиот но агилен напаѓач блесна кон крајот на ’80-те години во Будуќност од Подгорица. Како што обично се случувало во таквите случаеви, дошле делегации од Сплит, Белград и Загреб. Во 1989-та година луѓето од Партизан отвориле куфер со милион германски марки за потписот на малиот Пеџа, на кој олеснителна околност му била што нема да мора да игра во Хрватска (иако сакал во Хајдук), поради влошената политичка ситуација во Југославија.
Во првата сезона на новото место, Мијатовиќ му дал гол на стариот клуб, а во втората година веќе станал стандарден првотимец. Како резултат на неговите игри дошле многу скаути од Западна Европа.
Ловот на Предраг го организрале Атлетико и Јувентус, но само Валенсија испратила сериозна понуда. До 1993. година, Мијатовиќ два пати бил прогласен за најдобар играч во Југославија, а класата ја потврдил на меѓународните натпревари. Играше и за репрезентацијата на оваа веќе непостоечка земја. Првиот гол за Југославија го постигнал по цели 8 години игра во репрезентацијата.
Во Валенсија Пеѓа Мијатовиќ правеше чуда: 16, па 12 и на крајот 28 голови по сезона што беше успешно резиме за Реал Мадрид да прати факс на Местаља.
Во престолнината на Шпанија, просекот на голови на Мијатовиќ му опадна речиси за два пати помалку во однос на Валенсија, но навивачите на Реал му простија сè по голот во финалето на Лигата на шампионите против Јувентус во 1998. година. Кралевите славеа 1:0 а трофејот се врати во Мадрид по цели 32 години!
Кон крајот на '90-те години Мијатовиќ и Шукер полека ги заменуваше новиот млад тандем Раул-Мориентес. Во сезоната 1998/1999 снајперистите од Балканот веќе ја загубија битката со младите Шпанци и тргнаа секој по свој пат.
Мијатовиќ отиде во Фиорентина каде се сретна со Батистута. Предраг постигна 9 голови за Виолетовите во сите натпреварувања за три години - во Италија очекуваа многу повеќе од него. Во 2002. година Фиорентина испадна во темнината на пониските лиги, а Мијатовиќ се врати во Леванте кој тогаш играше во Сегунда.
По завршувањето на кариерата, Предраг Мијатовиќ остана да живее во Валенсија каде почна да работи како гент. Во 2006. година на барање на Рамон Калдерон стана спортски директор на Реал Мадрид и веднаш портокалово го обои клубот со новите холандски засилувања: Робен, Снајдер, ван дер Вар и ван Нистелрој.
Во 2009. година со враќањето на Флорентино Перез заврши мандатот на Мијатовиќ во Реал. Две недели подоцна после долга болест почина неговиот 15-годишен син од првиот брак, Андрија.
Пеѓа требаше да го замени Франк Андерсен на местото спортски директор во Челси, но должноста му припадна на Мајкл Еменало. Во 2011. година Мијатовиќ активно учествувал во трансферот на Ето и Роберто Карлос во Анжи.
Во јануари годинава Мијатовиќ требаше да стане потпретседател на Палермо. Кога Маурицио Ѕампарини сакал да му даде таква функција, се потпрел на опсежните контакти на Србинот со Аргентина. Приказната завршила на суд, затоа што Мијатовиќ го довел тренерот Гиљермо Барос Скелото кој немал лиценца за работа во Италија.
Како резултат на тоа, Аргентинецот се вратил во татковината, а Ѕампарини рекол дека Мијатовиќ на суд ќе треба да одговара за постапката.