Лига на шампиони

12 рекордни гола во Дортмунд, Јуве го покори пеколниот Писхуан

Вечерва во Дортмунд се сруши неверојатниот рекорд по постигнати голови на меч од ЛШ. Борусија и Легија одиграа 8:4 и ја надминаа голеадата од мечот Монако - Депортиво во 2003-та.

Пласман во осминафиналето во пресрет на последното коло обезбедија: Арсенал, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Монако, Баер Леверкузен, Реал Мадрид, Лестер и Јувентус. Малиот Моис Кин стана најмладиот дебитант во Лигата на шампионите и прв играч роден во 2000. година кој играл во ова натпреварување. Марко Ројс го постигна својот прв хет-трик во кариерата, а Кристијано Роналдо го изедначи рекордот на Рајан Гигс по асистенции во ЛШ.

Лига на шампиони 5. коло резултати:

Група Е

ЦСКА Москва - Баер Леверкузен 1:1 (0:1)
/Начо 76’ пен. - Воланд 16’/

Монако - Тотенхем 2:1 (0:0)
/Сидибе 48’, Лемар 53’ - Кејн пен. 52’/

Табела: Монако 11, Тотенхем 7, Леверкузен 4, ЦСКА 3.

Група Ф

Борусија Дортмунд - Легија 8:4 (5:2)
/Кагава 17’, 18’, Шахин 20’, Дембеле 29’, Ројс 32’, 52’, Ројс 90+2’ - Пријовиќ 10’, 24’, Курчажик 57’, Николиќ 83’/

Спортинг - Реал Мадрид 1:2 (0:1)
/Силва 80’ - Варан 29’, Бензема 87’/

Табела: Дортмунд 13, Реал Мадрид 11, Спортинг 3, Легија 1.

Група Г

Копенхаген - Порто 0:0

Лестер - Клуб Бриж 2:1 (2:0)
/Оказаки 5’, Марез пен. 30’ - Изкуердо 52’/

Табела: Лестер 13, Порто 8, Копенхаген 6, Клуб Бриж 0.

Група Х

Динамо - Лион 0:1 (0:0)
/Лаказет 72/’

Севиља - Јувентус 1:3 (1:1)
/Парехо 9’ - Маркизио 45+2, Леонардо Бонучи 85’, Манџукиќ 90+3’/

Табела: Јувентус: Јувентус 11, Севиља 10, Лион 7, Динамо 0.