Учителот по физичко во школо му забранил на Герет да игра со лева нога
А што друго можел да направи учителот кога малиот Герет бил предобар за своите врсници? Учителот сакал воедно и да ја развие десната, послаба нога на Бејл. „Но јас нормално играв со лева кога тој ќе се свртеше", рекол Бејл во едно интервју.
Бејл го откриле кога имал 9 години
Во септември 1998. година во канцеларијата на Саутемптон стигнал факс од човек по име Род Радик - скаут на клубот, кој до тој момент три години патувал ширум Британија во потрага по талентирани млади играчи. Род составил шортлист (краток список) на кој се издвојувале тројца фудбалери. Меѓу нив и Герет Бејл - деветгодишно дете од Велиндр Роуд на северот од Кардиф.
Род го приметил Бејл на еден од детските турнири организирани во Њупорт, Јужен Велс. Децата играле 6 на 6, а после мечот Радик решил да не одолговлекува. Со цел да не го привлече вниманието на другите тој во толпата народ дошол до родителите на Бејл, помуабетиле и им кажал дека се добредојдени на проба во Саутемптон. Пробата поминала успешно и после некое време Герет тренирал во академијата на клубот која што се наоѓа во градот Бат.
Во младоста Бејл не бил најбрзиот во тимот
На 11 години Бејл бил трет најбрз млад спринтер на 50 метри во цел Велс, но тогаш почнале проблемите.
„Како дете бев многу мал, слаб. Но на 15 години почнав нагло и брзо да растам и како резултат на тоа имав силни болки во грбот. Коските ми беа преголеми за мојата тежина", се сеќава најдобриот велшки играч.
Поради мака со болки во грбот, Бејл на некое време го отстраниле од тренинзите а Саутемптон до последен момент се колебал: дали да го остават во Академијата и дали некогаш ќе стане професионален играч? Дури и со такви болки во кичмата, Бејл трчал многу брзо и имал трет најбрз резултат во својата старосна група - 1,88 секунди во спринт на 10 метри. Тео Волкот стигнувал до финишот за 12-стотинки побрзо. Подоцна, за пола година Бејл пораснал скоро за 20 сантиметри.
Брзината не била единствена јака страна на Герет
Издржливоста - тоа е една од способностите со кои Бејл ги освоил тренерите на јуниорите. „Беше апсолутно најдобар во тимот. Неговите резултати беа точно за два пати подобри од било кој друг играч на Yo-Yo test, професионално тестирање.
Еден ден татко му му паднал шеќерот кога ги видел обетките на Герет
„Татко ми е единствен кој секогаш беше тука до мене. Тој е мојот херој. Имаше најголемо влијание на мојот живот", вели Герет. Френк Бејл, школски чувар и градинар строго го воспитувал син му. Можеби затоа Бејл речиси никогаш не пиел алкохол, не пушел цигари и не размислувал за тетоважи.
Како дете, Герет ставил обетки на двете ува и дошол во кујната. „Кога ме виде татко ми, веднаш свика: О Боже! Овој ќе ме умре мене тука!". На масата со него седеше и еден мој пријател и беше многу непријатно", се сеќава Бејл во интервјуто за Esquire.
Бенитез не го купил Бејл, затоа што го имал Рисе
Кога Бејл колку толку заиграл за првиот тим на Саутемптон, за него активно се заинтересирале многу клубови меѓу кои и Ливерпул на Рафаел Бенитез. До официјална понуда не дошло, затоа што Герет играл на позицијата лев бек каде Шпанецот сметал дека Јон-Арне Рисе е незаменлив.
Сакале да го заменат на полувремето од мечот на Сан Сиро
Среда 20. октомври 2010. година потполно го смени животот на двајца играчи. Кариерата и репутацијата на еден од најдобрите десни бекови во последните десет години се распадна, а на еден друг играч кариерата астрономски му стана славна. Буквално преку ноќ.
На Џузепе Меаца играа Интер и Тотенхем. Голманот на англискиот клуб Еурелио Гомес доби црвен картон во 8. минута, а Интер после првиот дел водеше со неверојатни 4:0. Тим Шервуд, кој тогаш работеше во стручниот штаб на Хари Реднап се сеќава дека атмосферата во соблекувалната била како во пеколот! Хари црвенеел од бес!
Шервуд го гледал мечот од трибините. Пред да започне разговор со играчите, Реднап ги собрал своите асистенти и побарал да ги споделат запазувањата од играта. Некој рекол дека би било разумно да го извади Бејл и да стави стопер со цел да не им се случи дебакл и срамота. „Не, Герет е наш најдобар играч во нападот, не смее да го вадиме", без размислување рекол Реднап.
Во второто полувреме, Герет Бејл постигна хет-трик и продолжи да игра играчки со Маикон на теренот. Реваншот на Вајт Харт Лејн исто не му одеше во прилог на бразилскиот бек. На тој меч Бејл ја освои светската фудбалска јавност и застана меѓу ѕвездите.
Му замерувале за фризурата
Кога Реднап стана тренер на Тотенхем, Спарс влечеа кон дното и беа во зоната на испаѓање. Носителот на духот на старата школа, Хари Реднап влегол во соблекувалната и долго и набљудувал играчите. „Бејл, престани да ставаш од тоа срање на главата", му рекол Реднап на Велшанецот кој и на тренинг доаѓал со гел на косата.
„Проклетиот Бејл" често бил тема во соблекувална
Сега веќе делува како да било во минатиот живот, но сеедно: Од моментот на дебито на Бејл во Премиер лигата, Тотенхем со него во составот не победил на 24 меча по ред во лигата. Цели 1533 минути. Еден од најнегативните рекорди во Премиер лигата.
Се се сменило кога на мечот против Барнли во 85' минута Герет Бејл влегол место напаѓачот Дејвид Бентли а Реднап за да го мотивира му рекол на Герет: „Ако ни дадат уште еден, ќе те исфрлам од тимот“.
Колку Бејл бил брз, толку бил и скромен
После голот на Ел Класико против Барселона кога Герет го направи еден од најпознатите светски пробиви на крило во историјата, Рон Радик му пратил SMS порака: „Најдобар гол што некогаш си го дал". Герет му одговорил: „Да, можеби". Радик не бил нималку изненаден - тој знаел како спокојно реагира Бејл на пофалбите. На крајот од краиштата, после неверојатниот хет-трик против Интер, Бејл не отишил на грандиозната забава, туку заминал во Кардиф да игра голф со другарите од средно. Кога се прибрал дома, ја ставил над каминот статуетката за најдобар играч на мечот и слика од резултатот од голфот.
Гејл бил скромен уште како дете. Еден од учителите во детството се сеќава како Герет како мал играл во финалето на младинскиот ФА Куп со Саутемптон против Ипсвич. „Неколку дена пред мечот дојде и ме праша: Сер, дали ќе може во среда да отсуствувам од часовите, затоа што играм за Саутемптон"?
Дедо му на Бејл бил професионален фудбалер
Крис Пајк, дедо му на Герет играл како напаѓач и немал некој посебен талент. Одиграл 42 меча за Фулам во средината на '80-те години. Но Крис бил еден од оние кои во Бејл виделе идна фудбалска ѕвезда - еднаш дури и дал интервју во кој навел дека неговиот внук е многу брз и ќе го биде.
Герет Бејл е фан на сериозните врски
Девојката на Герет се вика Ема Рис-Џонс а со неа е повеќе од 10 години заедно - уште од средно школо. За неа секој гол го прославува со правење срце со рацете.
Не е љубител на вежбална/теретана
Во 2014. година Бејл дошол на првиот тренинг на Реал Мадрид во сезоната и ги изненадил сите: Како човеков цел одмор го поминал во една соба без да излегува надвор? Герет подоцна изјави дека тоа е лага: „Колку часа поминувам дневно во тренерки? Нула. Се колнам. Како по некое правило секогаш се појавувам во јавност во маица и неконвенционално облечен, но луѓето не знаат за болките на мојот грб".