Германската економија е во тешка повеќегодишна дефанзива, владата штотуку се распадна (и заради тоа дали најпаметно се трошат парите) ама постојат германски политичари кои се толку надвор од реалноста што се екстремно великодушни: Михаел Рот (цел живот политичар) на Трамп му го понуди следново: Ако САД се повлекува, Германија ќе ги преземе сите трошоци за одбрана од Украина.
Од новиот потпретседател на САД и поранешен сенатор од Охајо, ЏејДи Ванс, издвојуваме две поенти: едната е за Кина и она што е добро во неа е што нема закани како што сме навикнале туку потреба од извлекување поуки од нивната политика. Втората е за ЕУ. Е, тука има закани, ама врзани со една тема која ни е битна и како на луѓе и како на медиум, а тоа е слободата на говорот.
Ако се држи до ветувањата, Трамп наскоро треба да тргне во најавената војна против транс -идеологијата и непоправливите гревови кои ги прави кон деца и млади нудејќи им „лесен“ излез од сите нивни младешки збунетости и дилеми велејќи им дека се наоѓаат во погрешно тело. „Ќе барам Конгресот да донесе закон по кој државата признава два пола: машки и женски и тие полови се од раѓање“, порача Трамп.
Освен што најави запирање на војните во Украина и Блискиот исток, најголемото очекување од Трамп е враќање на слободата на говорот која се потиснуваше и цензурираше под маската на борба против лажни информации, во што учествуваа и државите и големите социјални платформи и цел еко-систем од невладини и слични дебело платени никаквеци. Ќе има пиштење- вриштење.
Десетици илјади луѓе се очекува да пристигнат во Вашингтон и да протестираат против Доналд Трамп и неговите политики кои според нив, во основа, ги поткопуваат правата на сите, освен на белите мажи што добро заработуваат.
Иако ни Трамп во претседателската дебата со Камала не сакаше јавно да спомне кое било решение за војната во Украина поразлично од декларирани украински позиции за враќање на границите од 1991, приватно дури и најблиските соработници на Бајден веруваат дека земјата ќе треба одново да дефинира што е тоа победа.
- Кој е овој човек, како има дојдено овде? - шокирано праша политичкиот коментатор на левичарските „Младотурци“, Ченк Ујгур, за гостинот кој ги заплеска сите оние кои се на пола копје од победата на Трамп. - Овде сум по покана, а дојдов со пасош, му враќа Пољакот Доминик Таржински (десничар, суверенист), член на Европскиот Парламент. Жестоко.
Богатствата на десетте најбогати луѓе на светот пораснаа за рекордна дневна сума откако американските берзи збеснаа по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.
„Приказната на слугинката“ на Етвуд се искачи за повеќе од 400 места на листата на бестселери денес (среда, 7.11.), а слична е ситуацијата со примероци од книгата „За тиранијата“ од Тимоти Снајдер.
Доналд Трамп само што ја победи Камала Харис и покрај огромните препреки што беа против него. Преживеа два обида за атентат, ја издржа владината војна против него и не само што доби и повеќе од потребно електори за да се врати во Белата куќа, туку победи и во тн. „народно гласање“, иако меинстрим медиумите целосно го поддржуваа неговиот противник. Можеби и баш затоа.
Милиони од гласовите што завршија на контото на Трамп не се за него директно, туку се против десетици работи што изминативе години беа натурани како нормални и разбирливи.
Од една страна Маск е еден од најголемите донатори на претседателската кампања на Трамп, од друга страна тој е и еден од најповластените странски инвеститори во Кина, каде пак се произведуваат половина од сите Тесла автомобили.
Бројките се од Федералниот изборен комитет, a во овие 11.000 групи влегуваат само оние кои потрошиле над 100.000 долари на изборите, со што се опфатени 99% целата потрошувачка на изборите.
"Многу луѓе уште не ми веруваат дека Демократите ќе сторат сè за да ме уништат ако победат на 5-ти ноември“, пиша Илон Маск на својата платформа нудејќи пример за тоа како корпоративните медиуми сериозно се бават со прашањето дали тој може да биде депортиран од САД. Искусниот Ким Дотком му нафрли: "Ќе завршиш во Гулаг затоа што рискираш сè за нас. Ти благодарам.“