Доналд Трамп не само што ги сподели со светот своите замисли како сака еден ден да изгледа појасот Газа туку деновиве објави и еден неверојатно кичест видео спот за неговите фантазии. Кичест не само по изведбата на спотот туку и по моралната димензија на неговите неимарски идеи. Личи ли во Аушвиц да отвориш продавница за плински боци?