- Стотици луѓе му направија сачекуша на американскиот потпретседател на неговото доаѓање со семејството на скијање во резортот Шугарбуш во Монтана за да му дадат до знаење дека не го одобруваат она што тој и Трамп му го приредија на Зеленски во Овалната соба.
- Се носеа стадардни транспаренти против него и Трамп, против Путин и за поддршка на Украина. „Венс е предавник. Оди па скијај во Русија,“ пишува на еден од нив.
- Некои му забележааа на Венс што му затребале слободни денови после само шест недели на функција.
- Европската Унија е во завршна фаза на дизајнирањето на нејзиниот досега најобемен пакет санкции против Русија, насочен кон енергетски компании и шест руски банки.
- Се дознава дека во новиот пакет, ограничувањата ќе се прошират на руските мрежи за плаќање и кредитни картички, берзите за криптовалути и ќе воведат построги ограничувања за извозот на нафта во земјата.
- Мерките претставуваат значително заострување на напорите на ЕУ, во координација со Вашингтон, да ја осакати руската економија и да ја намали поддршката за претседателот Владимир Путин.
- Наспроти претходните 18 рунди санкции, руската воена економија успева да расте со повеќе од солидни стапки: 4,1% и 4,3% во 2023 и 2024-та.
- Не е прашање дали ќе се декласифицираат материјалите, вистинското прашање е како да ги спречиме злоупотребите и повеќе тоа да не се повтори. Тоа ќе се случи само кога ќе има одговорност. А одговорност мора да има, порача премиерот Христијан Мицкоски од свеченоста по повод Денот на независноста.
- Една иста структура, речиси исти луѓе и оперативци, блиски до минатата власт, оперираат со системот. Со ваквите чекори се удира по основите на демократијата, се удира по уставниот поредок, а последиците на таквиот извитоперен систем не само што уништуваат генерации луѓе, туку и ја доведуваат во опасност целата држава, каде на тацна го ставаат безбедносниот систем. Ваквите удари уништуваат и човечки судбини, најчесто и измислувајќи ситуации, контакти, додавајќи работи кои не постојат. За ова сум сведок и јас лично, гледајќи го материјалот од моето следење – рече Мицкоски.
- Премиерот кажа дека сите материјали се предадени во обвинителството и дека и покрај сомнежите во нивните капацитети и ниската доверба во нив, овој случај ќе го следат одблиску.
- Само да знаат – оваа работа нема да се стави под тепих. Ова е прашање на опстојување на државата– порача Мицкоски.