Спортистите деновиве како да се натпреваруваат помеѓу себе кој ќе направи повеќе глупости за да го добие нашето признание за офсајд лик. Само што мислевме да му го доделиме на Џонџо Шелви од Свонси, ја слушнавме приказната за Том Нејлор.
Името на носителот на нашето признание сигурно не ви е познато, но тој и тоа како си го заслужи. Тренерот на младинците на Џенова во „Рамбо" издание од грмушки го шпионирал тренингот на најголемиот ривал Сампдорија.
Мислите дека имате лош ден или лоша недела на работа? А што да каже Хуан Флорес за кого на сајтов пишуваме почесто од Величе Шумуликоски? Перуанскиот голман е навистина за жалење.
Три глупости го чинеше три порази предпоследно пласираниот тим од првата лига во Перу, Унион Комерсијо. Сите овие киксови за паметење им се случија за две недели, а нивниот голман неодамна си најде место во нашата рубрика Офсајд лик.
Денешната титула за офсајд лик му ја доделуваме на Хозе Луис Перлаза кој настапува за еквадорската Барселона и за 100 секунди успеа да си постигне ефектно автоголчиште и да заработи црвен картон.
Фудбалерот на Динамо Загреб најверојатно постави некој рекорд, а воедно го доби и нашето ценето признание за офсајд лик на денот. Анте Рукавина заработи црвен картон по само 30 секунди откако влезе во игра.
Сте виделе ли некој голман да заработи црвен картон по изведувањето на пенал? Тоа му се случи на голманот на португалскиот клуб Виторија Сетубал на натпреварот против Порто со што Павел Кишек стана наш офсајд лик.
Денес имавме тешка задача при доделувањето на нашето признание за офсајд лик затоа што во конкуренција беа двајца трапави голмани, но сепак решивме предност да му дадеме на Перуанецот Хуан Флорес во однос на голманот на Челси, Марк Шварцер.
Максимилијан Хофман е 19-годишен надежен австриски фудбалер кој го имаше најлошото можно деби во историјата на фудбалот со што го заслужи нашето признание за офсајд лик на неделата.
Не велиме дека треба да става по кило гел дневно како Кристијано Роналдо, но ако барем малку му беше грижа за косата немаше да ја избере најлошата фризура која потсетува на крупни сипаници. Александар Митровиќ од Партизан е нашиот офсајд лик на неделата.
Титулата за оваа недела му ја одземаме на Денис Ердман и му ја доделуваме на Мауридес. Нашиот нов офсајд лик на неделата е младиот Бразилец кој го постигна првиот гол во професионалната кариера и притоа се повреди прославајќи го истиот.
Признанието за офсајд лик на неделата му го доделуваме на фудбалерот на Тотенхем, Емануел Адебајор за неговиот погрешен начин на донирање пари за сирачиња во Того.
НФЛ играчот Чад Џонсон доби казна затвор во траење од 30 дена затоа што во судница го плесна својот адвокат по газ, а со тоа си го заработи и нашето признание за офсајд лик на неделата.
Голманот Марк-Андре Тер Штеген за кој се заинтересирани сите поголеми европски клубови и во кој Германците гледаа сигурен чувар на мрежата во иднина, прими 12 гола на трите настапи за репрезентацијата, а еден од нив беше кикс каков што ретко се гледа на фудбалските терени.
Карло Анчелоти направи добар гест и му даде шанса на четвртиот голман на ПСЖ да се појави на теренот за прв пат по три години, но Ронан Ле Кром по само 21 минута доби црвен картон и го заслужи нашето признание за офсајд лик на неделата.
Кога ќе се спомене Марк ван Бомел, веднаш помислувате на груба игра. Холанѓанецот се потруди така да остане и запаметен откако заработи црвен картон на последниот натпревар од неговата кариера.
Фудбалерот на шпанскиот второлигаш Ксерез, Ернесто Галан го прогласуваме за офсајд лик на неделата. Неговата екипа цели 30 минути играше со играч повеќе против Сабадел и на крајот загуби со гол во 95-та минута и тоа со автогол на несреќниот Галан кој си го лобуваше голманот со шкорпион удар.
Маркетинг секторот на интернет кладилницата Paddy Power врши одлична работа. По гаќите на Бентнер на Европското првенство, тие сега имаат кампања со која им се исмеваат на познати фудбалери кои се резерви во своите тимови и им понудија нова работа на Торес, Аршавин, Босингва...
Оваа недела наш омилен лик за сеир е соиграчот на Горан Попов од ВБА, Питер Одемвинге. Нигериецот толку многу сакаше да го напушти клубот, што без никаква дозвола синоќа отиде во просториите на КПР, но тие таму не му отвориле врата.