Дуелот помеѓу Џенова и Сампдорија е познат како "Derby della Lanterna" (дерби на светилникот по обележјето на простаништето на градот) и претставува огромно ривалство кое го дели градот на два дела.
Викендов се одигра 88. издание на ова дерби на кое Сампдорија беше понижена на домашен терен и загуби од Џенова со 0:3.
Но освен по големиот триумф на Џенова, ова дерби ќе се памети и по скандалот што се случил на петочниот тренинг на Сампдорија.
Гледачите забележале движење на грмушките и дрвјата околу теренот на кој фудбалерите на Сампдорија го одржувале тренингот и го алармирале обезбедувањето. Тие веднаш се упатиле кон грмушките каде го пронашле тренерот на голманите на младинскиот тим на Џенова, Лука Де Пра како го шпионира тренингот и тоа облечен во целосна воена опрема.
Фудбалскиот клуб Џенова негираше дека тој бил испратен од нивниот клуб и тие тврдат дека акцијата на Пра била лична иницијатива.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.