Џонџо Шелви од Свонси беше централна фигура на синоќешниот натпревар против неговиот поранешен клуб Ливерпул. Тој најпрвин го доведе својот тим во водство уште во втората минута, а потоа асистираше при постигнувањето на следните три гола.
Проблемот е што натпреварот заврши со резултатот 2:2, односно Шелви направи грешки со кои им асистираше на противничките фудбалери да постигнат два гола, а во 64. минута асистираше и при голот на Мичу за поставување на конечниот резултат.
Но убавата страна на фудбалот е што колку лошо и да одиграл некој фудбалер, секогаш постои играч кој бил и полош од него. Таков е случајот со Том Нејлор од англискиот четвртолигаш Њупорт.
Викендов неговиот тим загуби на домашен терен од Моркам со 2:3, а Нејлор имаше главна улога при постигнување на три гола, но во неговата мрежа.
Том Нејлор постигна автоголови во 12. и 57. минута, а во 71. минута од натпреварот направи фаул за пенал по кој гостите го постигнаа и победничкиот гол. Две минути подоцна Нејлор беше заменет.
Претходните офсајд ликови погледнете ги тука.