За оние кој не го знаат, момчето е родено во Смедерево, има 18 години и игра за фудбалскиот клуб Партизан. Во неговата прва сезона младиот напаѓач постигна 10 гола на 25 меча, а најзаинтересиран за неговите услуги беше тимот на Арсенал.
„Топџиите" дури и се пофалија дека за српскиот талент ја добиле битката пред Наполи, Порто, Бенфика и Фиорентина и дека веќе го договориле трансферот, но Митровиќ всушност се уште е член на Партизан.
Дали е исфрустиран што нема да може да им се фали на другарите дека на 18 години ќе игра во Премиер лигата па сега поради тоа се глупира, не знаеме, но штом му е вклучен мобилниот нека ги прочита коментарите за неговиот имиџ па ќе сфати дека со таква фризура може да фати улога во 101 далматинец.