Ќе се најде земја која има ресурси кои им требаат на американските корпорации. Ќе се натераат да се задолжат кај ММФ и Светската банка за проекти за кои ќе бидат убедени дека многу ќе им помогнат. За реализација на проектите ќе се ангажираат се-знае-кои компании (Бехтел, добри?). Ако во тоа не успеат економските убијци, доаѓаат шакалите кои рушат влади и убиваат лидери. Мислите туку така паѓаат авиони?
Прашањето на Јанис Варуфакис е: зошто струјата добиена од обновливи извори, кои нели се воведуваат и субвенционираат од државни пари заради неспоредливо пониските трошоци за производство, и понатаму се плаќа по истите цени по кои се плаќа и ултра скапата струја добиена од природен гас?
Германските граѓани почнуваат да ја откриваат големата лага што нивните лидери им ја кажуваат веќе три децении. Фискалните суфицити не беа резултат на добро осмислена економска политика, туку на неинвестирањето онаму кај што треба. Да, Фолксваген наскоро ќе продава повеќе електрични коли, само што, парите ќе одат во Кина.
Капитализмот и порано претрпувал суштински трансформации, но ова е нешто подлабоко и загрижувачко. Сите ние доброволно и бесплатно работиме за приватните пашалуци наречени Фејсбук, Амазон и Гугл.
Одвреме- навреме се актуелизира темата за универзлниот основен доход ((Universal basic income – UBI), бесповратна и безусловна парична помош која државата би им ја давала на луѓето секој месец, за да ги покријат основните животни трошоци. Како што опиша новинар на Гардијан, тоа се пари кои ги добиваме не затоа што работиме туку затоа што постоиме.
Ужасен избор, вели поранешниот грчки министер за финансии. Да бил во регуларна сојузна држава, не би гласал ни за еден од нив, да бил во некоја од решавачките свинг држави, вели дека би затворил нос и би гласал за Бајден.
Првиот човек на водечката научна институција на ЕУ, професор Мауро Ферари, поднесе оставка на својата позиција во знак на протест за начинот на кој ЕУ реагираше околу ковид-19 кризата.
„Ние сме поголеми Германци од Германците,“ порача хрватскиот филозоф Среќко Хорват кој заедно со некогашниот грчки министер на финансии, Јанис Варуфакис, решија да побараат пратенички места во европскиот парламент преку Германците. Во кампања одат не со митинзи, не со средби со граѓани, туку со постери на Памела Андерсон. Старите другари од Левицата се ужаснати, се ситнел отпорот.
Еврото моментално служи за цедење пари од периферијата на ЕУ и нивно префрлање во германски банки, а ако некогаш го видиме крајот на еврото тоа ќе биде само затоа што Германија така посакала, објаснува Јанис Варуфакис.
Во разговор на грчката Скај ТВ Варуфакис изјави дека Џорџ Сорос лично му се јавил на Ципрас во јули 2015 и побарал смена на тогашниот министер за финансии. Инаку, мандатот на Варуфакис заврши на 6-ти јули 2015.
На 30-ти ноември во Вермонт ќе биде промовирана „Прогресивната интернационала“ на Варуфакис и Берни Сандерс, движење замислено како контра-тежа на „подемот на култот на ултра-националистички апсолутистички групи“.
Користејќи ги услугите на големите технолошки компании ние во реално време произведуваме дел од нивниот капитал. Правата на сопственост врз тоа - за сите нас, наместо само за дел од нас - треба да бидат основа за универзален основен приход.
Вистинското прашање е: што да се прави? Тактички сојуз со глобалистичкиот естаблишмент не доаѓа предвид. Тие сакаат да веруваме во бескраен лифт кој ќе не однесе до врвовите на потрошувачките задоволства, но таков лифт не постои.
Ако брегзит требаше да биде почетокот на трансформација на силите во ЕУ, по кој националните владите ќе почнеа да си враќаат дел од овластувањата предадени на Брисел, на крај тој се претвори во показна вежба зошто не треба да му се спротивставуваш на Брисел.
Без разлика колку од година во година членките на ЕУ стануваат поинтегрирани и меѓусебно поповрзани, европската политика „и понатаму останува заглавена во националниот силос,“ нешто што Алберто Алемано го нарекува „демократскиот јаз на ЕУ.“
Како што ќе растеш и минуваш повеќе подеми и падови на економијата, ќе забележиш една несфатлива хипокризија: кога времињата се добри, банкарите, бизнисмените - општо богатите луѓе - обично се против власта. Ја критикуваат како „кочничар на развојот“, и „паразит“ кој се храни од приватниот сектор преку даноци, и „непријател на слободата и бизнисот“.
„Без памет е што тврдат дека ЕУ е заедница на држави а не на народи. Затоа што со таа порака, на оние кои се за независност, им даваат огромна причина да си направат држава“. Тачдаун.
Што ли ќе правевме да имавме само четири прста? Ќе се мачевме да смислиме волку едноставен и лесно разбирлив гест, кој често е првиот и единствен одговор на неправдите кои нè опкружуваат.
Изјавата дека тоа се внатрешни проблеми на Шпанија во кои ЕУ не треба да се меша е израз на лицемерие од највисок ранг. Секако, лицемерието не е ништо ново во однесувањето на ЕУ. На нејзините функционери не им е под чест да се мешаат во внатрешните работи на државите членки кога, на пример, треба да ги сменат избраните политичари затоа што тие одбиваат да ги спроведат мерките (што лично го имам искусено).