Поранешниот грчки министер за финансии, а сега лидер на Дием 25 објаснува дека почетоците на денешните драматични сметки за струја се уште од времето кога државите на Европа одлучуваат да ги приватизираат електростопанствата а цената за струја да ја решава берзата, со оправдание дека пазарот многу подобро ќе ги управува овие капацитети отколку државата и нејзиниот бирократски механизам.
Ветувањето во тоа време (трендот почнува во 1980-те) е дека најголем ќар од сето ова ќе го имаат потрошувачите и општо граѓаните. За приватизацијата да пројде кај народот, ветено е дека цената ќе биде ограничена на нивото на тогашната цена на струјата.
Одржувањето на цената е гарантирано и со либерализација на пазарот, која по тогашни процени секако ќе ја симне цената бидејќи компаниите преку цената ќе се натпреваруваат за повеќе корисници. Па со така поставени работи дури и либерализацијата да не ја симне цената, таа никогаш нема да може да ја мине границата.
Кога ова успешно завршува следува втората фаза во која политичарот (што до сега ги ветуваше гаранциите и цената) се прашува самиот себе „кој сум јас да ја одредам горната граница на цената?“ Вака освестениот политичар, решава дека сепак правилно е и горната граница на цената да ја одреди пазарот.
Бидејќи не можно да имаш пазар кога е во прашање струја (има еден кабел за струја што ти доаѓа до дома, а не 50 кабли од секој снабдувач па да бираш на кој ќе се приклучиш), тие решаваат да се симулира пазар на струја.
Симулацијата на пазар за струја почнува со поделбата на приватизираното електростопанство на три дела:
- Производство
- Дистрибуција
- Продажба на краен корисник
Потоа секој производствен капацитет (хидро/термо/нуклеарни централи) станува посебна компанија која се натпреварува на пазарот за продажба на големо за да ја продадат својата произведена струја на дистрибуцијата (мрежата).
Втор дел е дистрибуцијата, мрежата, која и припаѓа на сосема друга компанија.
Третиот дел се компаниите преку кои струјата ја напушта мрежата, односно се снабдува за трошење до крајните потрошувачи. Тука се формираат посебни повеќе провајдери, кои се натпреваруваат на пазарот за прекупување на струјата продадена на големо, за истата да им ја продадат на крајните потрошувачи.
„Значи симулираш конкуренција меѓу производителите. Тие создаваат цена на големо врз основа на оваа конкуренција.
Па потоа имаш провајдери кои си конкурираат еден на друг, и идејата е преку конкуренција да се намали разликата меѓу цената на големо и цената на мало,“ објаснува поранешниот грчки министер Јанис Варуфакис.
Посебно интересен дел и вонредно комплициран, според Варуфакис за народот на ЕУ да не разбере дека се работи за измама насочена против нив, е начинот на кој функционира наддавањето на берзата за струја (во Холандија) и одредувањето на дневната цена:
„Денес е 8-ми септември. Денес имаше аукција во Холандија, дигитална, не физичка, бидејќи таму само се наоѓа сервисот.
Производителите се наддаваат меѓу себе кој ќе и продаде струја на мрежата, меѓутоа тука интересната работа е што наддавањето е целосно спротивно од здравиот разум.
На овој пазар, на аукцијата победува компанијата што ќе понуди највисока цена на струјата и потоа цената е иста за сите, се додека количината на струја што ја снабдиле не е над одредена количина што ја бара пазарот.
Ова е лудило. Ок?
И потоа провајдерите се натпреваруваат меѓу себе да ја снижат малопродажната цена до максималната големопродажна цена.
Ако ова ви звучи комплицирано, тоа е затоа што намерата е да биде комплицирано за граѓаните на Европа да не разберат дека ова е измама против нив, дури и во добри времиња.“
Благодарејќи на вака поставен систем, разликата меѓу цената на производство на просечен киловат час и малопродажната цена на киловат час е зголемена за три пати.
„Да цените за производство растат. Ама војната во Украина не објаснува зошто профитната маржа на провајдерите постојано расте,“ порачува Варуфакис.
Ова е ситуацијата до сега, за измата што се планира за следниот период Варуфакис има дополнително предупредување и објаснување:
Една од работите што ја заговара Варуфакис е не само субвенционирање во фотоволтаици и ветерници, туку инвестирање во овие технологии и нивно предавање на локалните заедници и ним да им служат, наместо истите да бидат финансирани од државни пари и да работат за корист и профит на олигарси.