11 месеци, 14.000 км и 20 земји содржи неверојатната авантура на дечкото кој се претставува како најголем навивач на Манчестер Јунајтед. Вредеше на крај. Му се исполни сонот.
Манчестер Јунајтед остана целосно без компасот кој милиметар не смееше да му мрдне на незаменливиот Сер Алекс Фергусон. Се надминаа себе си сезонава. Имаат повеќе примени голови од дадени.
Никако. Се соочија со елиминација од вкупни 5:0, а дома загубија 0:4. Два гола на Роналдо, два на Рамос. И двете екипи имаа страшни состави предводени од тренери по име Пеп Гвардиола и Карло Анчелоти. Баерн ја бранеше европската титула, а Реал ја освои. Слободниот на Роналдо во стилот на Тони Мицевски.
Тешко се раскажува синоќешниот пресврт од дербито на колото во Премиер лига, меѓу две екипи без карактер, кои котираат на 6-та и 10-та позиција, а едно време демонстрираа моќ и секогаш целеа на титулата.
По поразите од Кристал Палас и Галатасарај, Манчестер Јунајтед беше готов да потоне трет по ред на Олд Трафорд. Но внимавајте го добро финишов. Од 26 минута губеа 0:1 од Брентфорд. Скот Мектоминеј влезе во 87-ма и збрца два гола во судиското продолжение за победа и делириум на трибините. И тоа вториот на асистенција на Мегваер. 93-та и 97-ма. Неверојатно.
Налетавме на занимлива топ листа со најголеми трошаџии во фудбалот во изминативе 10 години. Арсенал испазарил играчи во вредност од милијарда евра и пак не може да освои титула. За Тотенхем да не зборуваме.
Кога можеби некој ќе помисли дека се повлекува или оди да нанижи уште некој милион некаде надвор од рамките на Европа, ете ти вест која демонстрира лојалност, припадност и чувство за исправен потег.
Во првиот ден од 6. коло во Бизнис лигата на Македонија Лукоил беше немилосрден против ЈП Дрисла, A1 славеше против Гранит, а Ван Хоол и ЈСП си ги поделија бодовите.
По 19 одиграни кола од Бизнис Лигата на Македонија заврши регуларниот дел. Бевме сведоци на сезона која беше полна со неизвесност и борбата за влез во завршниот турнир се водеше буквално до последниот натпревар.
Над 100.000 луѓе ги окупираа улиците во Мадрид за прославата на титулата број 35. Карло Анчелоти беше во елемент, а и како нема да биде кога стана прв тренер во историјата со титула во Серија А, Премиер лига, Бундеслига, Лига 1 и Ла Лига.