Во салата „Дворец Менора Мивтахим“, еден од најжестоките терени во Евролигата каде домаќин е Макаби Тел Авив, Реал Мадрид синоќа успеа да му го нанесе првиот пораз на израелскиот шампион сезонава на нивен паркет - 77:81. Мечот почна во знак на сеќавање на Коби Брајант, а двете екипи последователно не ги одиграа првите напади по 24 и 8 секунди (бројките кои ги носеше Коби во кариерата).
Реал Мадрид објави дека потпишал договор со фудбалерот од средниот ред на Фламенго, Реиниер за кого платиле 30 милиони евра од кои 80% ќе одат за Фламенго, а останатото за играчот и неговите претставници.
Хозе Рејез Лопез, синот на легендарниот фудбалер Хозе Антонио Рејес, е главен играч во Реал Мадрид У-12. Тој синоќа постигнал дури четири гола во финалето на турнирот за таленти на Ла Лига - La Liga Promises во Катар.
Сигурно приметивте дека почетокот на вториот дел од мечот Барселона - Реал Мадрид се одложи на кратко. Во кадарот од преносот не дадоа како стјуардите ги собираа топките кои летаа на терен од трибините во знак на протест.
Во ера на модерен фудбал кога се трошат вртоглави милијарди, постојат и некои вредности кои траат вечно. За разлика од нивниот градски ривал кој се бања во милионите од арапските шеици, Манчестер Јунајтед не отстапува од традицијата и верно се држи до неа.
Гладбах испадна од ЛЕ со гол примен во 90+1' минута од Башакшехир кој направи голем подвиг. АЗ се држеше полувреме на „Трафорд“ а во второ Јунајтед им даде 4. Пресликан дуел и во Вулверхемптон.
Заедно беа дел од епските моменти на клубот вкупно 9 сезони во кои освоија 15 трофеи од кои 5 титули во Премиер лига и една ЛШ. Шмајхел си замина во 1999-та за да се проба во Спортинг, а потоа се врати во Англија, прво во Астон Вила, а потоа кариерата ја заврши во Манчестер, ама во Сити, не Јунајтед.
За време на мечот Манчестер Јунајтед - Партизан, познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ покажа дека освен за црно-белите, има симпатии и за Ливерпул, смртниот ривал на Јунајтед.
Селтик, Севиља, Базел, Еспањол и Манчестер Јунајтед се пласираа во следната рунда од Лига Европа, откако вечерва освоија по 3 бода. Рома ќе има тешка задача затоа што гостува во Истанбул кај Башакшехир во следното коло.
Англиските фудбалски купови се можеби најсимпатични натпреварувања, затоа што таму секоја година некој анонимен нисколигаш знае да надене некој од фаворитите и да го посрамоти. Синоќа за време на ждрепката за 1/4 финале од Лига Купот на Колчестер му се падна Манчестер Јунајтед.