Шпанскиот шампион Барселона е на чекор од големото финале во Лига на шампиони, откако вечерва на „Камп Ноу“ му одржа лекција по фудбал на Ливерпул. Боженствен гол на La Pulga од 30 метри.
Неверојатната генерација фудбалери на Ајакс откако си поигра со Реал Мадрид во 1/8 финале, вечерва во Торино нокаутираше уште еден голем фаворит за титулата во ЛШ. Барселона тренираше со Манчестер Јунајтед.
Најнеочекуваниот кадар од „Олд Трафорд“ синоќа во ЛШ беше повредениот нос на Лионел Меси кој настрада по еден грубијански фаул на стоперот на Манчестер Јунајтед.
Немаше ни „Д“ од балканско дерби во осминафиналето од Лигата на шампионите. Вардар е класи поголем и помоќен противник од хрватскиот претставник кој џабе ќе доаѓа на реванш во Скопје.
Матрикс и Лукоил славеа победи во третиот ден од 17. коло во Бизнис лигата на Македонија, а третиот меч Алкалоид и Борис Трајковски заврши без победник.
Само шест клуба и натаму го сонуваат најубавиот сон: освојување на тројна круна, подвиг кој малку кој низ историјата го остварил. Меѓу ретките шампиони е и нашиот Горан Пандев кој со Интер се радуваше на три големи трофеи.
Секако дека споредбата со глупиот голман не е возможна затоа што Меси е најголема икона во историјата на Барселона, човек на кој му се може сè и башка не е голман па да мора да го менуваат пред пенали, но чисто за потсетување: 2014-та година, Барса - Еибар 3-0, Луис Енрике го вика Лео да излезе, а овој одбива па тренерот што ќе прави, го вади Нејмар.
Додека хулиганите живеат во некој свој глупав филм, на спортските терени приказната е поинаква. Барселона синоќа во ултра интересно финале на шпанскиот кошаркарски Куп го совлада Реал Мадрид. Додека славеа на паркетот, тренерот Светислав Пешиќ и Анте Томиќ си честитаа а Хрватот во шега праша: „Три пати“?
И покрај сите најави дека Вардар ќе има тешко гостување кај германскиот гигант Рајн-Некар, „црвено-црните“ од почеток до крај на мечот демонстрираа шампионски ракомет и славеа 27:30.