Македонски Телеком со одлично прво полувреме до победа над ЈСП

Макпетрол, ЕВН и Македонски Телеком славеа победи во третиот ден од 19. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Македонски Телеком со одлично прво полувреме до победа над ЈСП

ЈСП 3-6(2-5) Македонски Телеком

ЈСП: Гоце Крстевски 1’ 19’ Сабит Хусеини 28’

Македонски Телеком: Марко Магдаленовски 2’ 3’ 5’ Стефан Насков 3’ Михајло Лазаревскин 18’ 38’

Одличен сатрт за екипата на ЈСП со погодок во првата минута, по ова рано водство за екипата на ЈСП екипата на Македонски Телеком се префрли на противничко поле и одигра перфектни 3 минути во кои успеа да постигне 4 погодоци за целосен пресврт и водство од 1-4. До крајот на полувремето екипата на ЈСП со сите сили се обидуваше да ја стопи високата предност на Македонски Телеком но телеком со одлична игра не дозволи изненадување па на полувремето замина со предност од 2-5. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра во кое екипата на ЈСП беше таа која притискаше кон голот на Телеком со цел да го намали високото водство што и успеа во 28та минута и им даде дополнителен мотив да атакуваат на целосно израмнување. Екиипата на Телеком одлично ја постави играта во одбраната и не дозволи екипата на ЈСП да се закани, а преку контра напади го зголеми водството за победа во овој дуел со 3-6.

Драги Стојанов инспирација за целосен пресвр на ЕВН во дуелот со Алкалоид

Алкалоид 3-7(2-1) ЕВН

Алкалоид: Стефан Димовски 1’ 23’ Дениз Салковиќ 4’

ЕВН: Вилијам Митев 32’ 37’ 39’ Илија Мандаров 37’ Томи Илиевски 9’ 33’ Ајте Новобрдарија 32’

Првиот дел од полувремето и припадна на екипата на Алкалоид која со погодоци во 1та и 4та минута успеа да ја превземе предноста, по оваа негатива екипата на ЕВН се префрли на противничката половина обидувајчи се да дојде до израмнување. Екипата на ЕВН успеа да постигне погодок во 9та минута и да фати резултатски приклучок и да го направи остатокот од полувремето поинтересен. Сепак екипата на Алкалоид со сигурна игра во одбраната не и остави многу простор на екипата на ЕВН за игра па на полувремето замина со предност од 2-1. Во второто полувреме екипата на ЕВН фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива, тие успеаа кон средината на полувремето да дојдат до израмнување на 3-3, а неколку минути подоцна со вториот гол на Илиевски до целосен пресврт. До крајот на натпреварот екипата на ЕВН имаше повеќе од играта и своите шанси успеа да ги претвори во погодоци за победа на овој натпревар со резултат од 3-7.

Макпетрол со цврста одбрана и ефикасен напад до победа над Гранит

Гранит 6-8(3-6) Макпетрол

Гранит: Дарко Петров 8’ Сашо Каровски – Џуме 2’ 30’ 31’ 40’ Пепи Мицев 2’

Макпетрол: Ибраим Исмаили 16’ Мишо Ѓоргиевски 11’ 16’ Благоја Лолевски 17’ Игор Стојков 6’ 23’ Александар Мишоски 7’ 30’

Екипата на Гранит одлично го отвори натпреварот против Макпетрол, во 2та минута се стекнаа со предност од 2-0. Неколку минути подоцна одговори екипата на Макпетрол која во 7та минута успеа да дојде до израмнување од 2-2. Овие воведни минути од натпреварот беа најава за ефикасно полувреме во кое поуспешна беше екипата на Макпетрол која го доби полувремето со резултат од 3-6. Во второто полувреме се продолжи со жестока борба на секоја педа од теренот во рамките на фер плејот. Екипата на Гранит и покрај сите обиди да дојде до поволен резултат не успеа да најде против игра за денес одличната екипа на Макпетрол која со цврста одбрана и ефикасен напад успеа да извојува победа од 6-8.

3 април 2019 - 16:20