За ваков подвиг, на најдобриот играч на сите времиња според многумина, му требаа 673 меча. Чави остварил толку триумфи на 767 натпревари.
И што е поважно: Меси со Барселона играл против 85 клуба, а 84 биле победени макар по еднаш. Но постои еден клуб кој може да биде горд дека не изгубил од Меси.
Без да се изгугла не може да се погоди. Не се работи за Рубин Казан како што се шпекулира (Меси во 2010/11 славеше против рускиот клуб со 0:2 а Меси одигра 28 минути).
*****
Станува збор за натпревар во сезоната 2004/2005 кога Меси имал 17 години и го играл третиот натпревар за Барселона (со број 30 на дресот).
Поразот Каталонците го доживеале во 1/32 финале, раната фаза од Купот на Шпанија. Тоа е етапа во која стартуваат клубовите од Ла Лига. Во оваа фаза се игра само еден меч и големите прволигаши по правило гостуваат.
Така на 27 октомври Барселона гостувала кај каталонското клубче Граменет (од градчето Санта Колома де Граменет), тим од сегунда Б (трета лига на Шпанија).
Меси почнал од почеток, а заедно со него во напад играле и Лудовик Жили и Хенрик Ларсон.
Составот бил моќен: во средниот ред играле Чави, Иниеста и Ван Бронхорст, во одбраната Маркез и Пујол, лево Фернандо Наваро а десно Олегер. На голот стоел резервниот голман Рубен Мартинез (што е традиција за големите клубови во шпанскиот Куп).
Барселона долго се мачела, а Меси бил доста активен - дриблал, додавал, центрирал, имал неколку одлични потези и еднаш влегол во гол шанса:
Во средината на второто полувреме Лео излегол од игра - во 73' минута Франк Рајкард го извадил од игра а наместо него влегол голгетерот Самуел Ето.
Ни тоа не помогнало и мечот отишол во продолженија. Шокот следувал во 103' минута кога на стадиончето „Мунисипал де Санта Колома“ (собира 1.000 гледачи), шпицот Оскар Олјез постигнал гол за Граменет. Овој центарфор никогаш не играл погоре од третата шпанска лига.
Барса испаднала од Купот, а Граманет останал единствениот клуб кој ниту еднаш не изгубил од Меси иако се сретнале само тој пат.
Таа сезона била најдобра во историјата за малиот каталонски клуб (таму играчката кариера во 2001 ја завршил Тито Виланова). После Барса, Граманет го поминал и Леванте, ја победил и Лерида, а во четвртфиналето несреќно загубил од Бетис (2:2 дома и пораз 4:3 на гости).
Следните шест години Граменет ги поминал во сегунда Б, а потоа испаднал уште пониско - во терсера. Ни таму не се стабилизирале и испаднале во третата каталонска лига, а во моментов се борат за пласман во втора каталонска лига.
Тешко дека ќе имаат шанси да се сретнат со Барса, со цел Меси да ја исправи статистиката од првите денови во првиот тим на Барселона.